Славјанка Петровска од СДСМ е позитивна на корона вирус, омалаксала на седница во Собранието


Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, која беше дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада, објави дека е позитивна на корона вирусот.

„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собранието. Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен“, соопшти Славјанка Петровска, пратеничка од редовите на СДСМ.

„Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се“, порача Петровска.