Во болница се лекуваат 625 пациенти со Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се осум деца и осум позитивни мајки, три деца и две мајки суспектни на ковид-19

Во ГОБ „8 Септември“ има осум приеми, а вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респиратор се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 64, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 294 позитивни и сомнителни на Ковид-19.