Дука: 30 дена изолација изминаа, очекуваме одлука на владата


Изминаа 3о дена од воведувањето на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, така што сега очекуваме одлука на владата, ќе остане ли кризната состојба или ќе биде минато  – изјави денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој потенцираше дека општината и кризниот штаб во Дебар  се во очекување на нова одлука од страна на владата.  Инаку тој  на неколку пати ја изнесе оценката дека воведувањето на карантинот за Дебар имаше многу позитивни ефекти.

Слична оценка изнесе и градоначалникот на општина Центар Жупа, Арјан Ибраим, кој потенцираше дека воведувањето на излолацијата за двете општини значително го спречи проширувањето на Ковид 19.  Инаку во оваа рурална општина беа регистрирани првите болни од Коронавирус на 26 февруари .

Во двете општини кризна состојба Владата ја воведе на 13 март .

На средбата со новинарите градоначалникот Дука изјави дека и понатаму нема регистрирани болни од Коронавирус и додаде дека моментално во изолација се 128 лица.

Активностите на Црвениот крст редовно го снабдуваат населението по потреба за набавка на прехранбени артикли и лекови, по претходна најава .

-Владините мерки и полицискиот час во Дебар и селските населби се почитуваат целосно – информираше Дука кој рече дека еден проблем кој се јавува во оваа состојба е немањето на вода во одредени населби, заради што побара коректно трошење на водата за пиење  и истата на не се злоупотребува за миење на дворни и други површини.