Филипче: Податоците за мајката и синот од Велес ќе бидат показател да знаеме што ќе следи


Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната видео-сесија истакна дека од голема помош ќе бидат податоците за починатите мајка и син кои пред неколку дена беа пронајдени во стан во Велес.

„Податоците за нив ќе ни бидат од големо значење, за да знаеме што ќе следи. Мислам дека е добра стратегијата што се тестираат само пациенти кои имаат симптоми. Верувам дека на почетокот или средината на мај ќе го вратиме животот во функција. После тоа, ќе се впуштиме во детекција на антителата“, рече Филипче.

Филипче најави дека е можно следниот месец, во мај, по празниците да почнат да олабавуваат рестриктивните мерки во земјава против коронавирусот.

„Верувам дека на почетокот или средината на мај ќе го вратиме животот во функција“, рече Фиипче.

Тој уште еднаш повтори дека за време на викендот за Велигден ќе важат строгите мерки, односно ќе имаме карантински викенд, а потоа дополнително ќе се разговара во Владата за постепено олабавување на рестриктивните мерки.