Нови 68 случаи на Ковид-19, досега вкупно 828 заразени


Фото: Б. Грданоски

Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени со корона вирус во земјава се зголеми на 828 лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, по градови во Скопје се регистрирани 15 лица, во Куманово 18, Прилеп 14, Тетово две, Струга 10, Велес шест, во Битола, Гостивар и Кочани по едно лице.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на корона вирус.

На инфективната клиника се примени двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а осум на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се девет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои шест се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани шест пациенти. Тие се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат осум пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување, додава Министерството за здравство.