Панчевски на соочување со експертот кој го одржувал АКМИС
Во Основниот суд во Велес денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.На рочиштето сведочи Горан Митев, вработен во компанијата која го развивала и одржувала системот АКМИС кој судовите го користат за распределба и водење на судските предмети. Тој појасни дека компјутерскиот систем имал можност и за рачна распределба на предмети […]