Врнежливо со силен ветер и постудено


Во земјава денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на места и над 25 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер од над 70 километри на час. Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се …

Врнежливо со силен ветер и постудено Read More »

Наќе Чулев најави истрага за приведувањето на дечкото со куче


Откако на социјалните мрежи се појави видео како полицајци во цивил приведуваат момче со куче во полициско комбе, наводно бидејќи излегло 20 минути пред предвиденото време, се јави министерот Наќа Чулев со најава дека случајот се испитува и дека се утврдува законитоста на постапувањето на полицајците. -Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа “Facebook” …

Наќе Чулев најави истрага за приведувањето на дечкото со куче Read More »

ЈСП ќе сообраќа во две смени, по саботен возен ред


Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз, дека автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре, вторник (21.04.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои …

ЈСП ќе сообраќа во две смени, по саботен возен ред Read More »

Приведен еден од учесниците на орото во Гевгелија


Гевгелиското велигденско оро заврши со најмалку еден приведен и неколку идентификувани прекршители на полицискиот час. Синоќа беше препраќано видео на кое се гледа како дваесетина жители на Гевгелија играат оро на улица за време на тридневниот полициски час.Уште синоќа е приведено едно лице, додека се врши препознавање на останатите прекршители. Од МВР само кратко соопштија …

Приведен еден од учесниците на орото во Гевгелија Read More »

Попладне врнежливо време со силен ветар


Под влијание на влажен воздушен бран денеска времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветар и услови за појава на грмежи, соопшти УХМР. Врнежите во текот на ноќта и утре ќе се поинтензивни, повремено пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме со силен …

Попладне врнежливо време со силен ветар Read More »

Европарламентарците изгласаа препораки за проширувањето кон Западен Балкан


Членовите на Комитетот за надворешни работи при ЕП со силно мнозинство го изгласаа извештајот во кој се содржани препораките на Европскиот парламент за проширување на Западен Балкан за време на онлајн средбата на Комитетот што се одржа денеска. Денешниот извештај беше усвоен по ревидирањето на методологија за проширување која беше објавена од Европската Комисија во …

Европарламентарците изгласаа препораки за проширувањето кон Западен Балкан Read More »

Никако без маска во Прилеп, во Куманово и во Тетово


Се зајакнуваат меките мерки за да не мора да се заоструваат рестриктивните. Во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите. Тоа нема да се случи преку ноќ. За да може да се обезбеди олабавување, мораме претходно сите заедно да си ја обезбедиме заштитата – маска/марама, два метри дистанца, негрупирање. Целта не е да се казнува, …

Никако без маска во Прилеп, во Куманово и во Тетово Read More »

ДОМ се противи групирањето над пет лица да биде кривично дело


Зелената партија ДОМ апелира Владата да ја преиспита одлуката за носење уредба со законска сила, со која групирањето над пет лица на јавни места и површини ќе се смета за кривично дело. Партијата смета дека само со  изрекувањето мандатни казни за групирање, како и за неодржување растојание од најмалку два метра и неносење заштитна опрема, …

ДОМ се противи групирањето над пет лица да биде кривично дело Read More »

За прв пат повеќе излечени – 21, отколку новозаболени – 18, но тројца починаа


Во денешниот извештај на Министерството за здравство околу корона вирусот за прв пат пат има повеќе излечени отколку инфицирани лица. Регистриран е 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200 пациенти. …

За прв пат повеќе излечени – 21, отколку новозаболени – 18, но тројца починаа Read More »

Спасовски: По првомајските празници да започне процесот на враќање на животот во нормала


Премиерот Оливер Спасовски најави почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници. – Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил. Премиерот Спасовски пред два дена на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 „Ретроспектива: коронавирус МК“, информираше …

Спасовски: По првомајските празници да започне процесот на враќање на животот во нормала Read More »

Прв случај на коронавирус во Пехчево


Првиот позитивен случај на КОВИД-19 доцна синоќа го потврди и градоначалникот Драган Тренчовски кој упати смирувачки тонови до граѓаните велејки да не се шири паника помеѓу граѓаните. Прв позитивен случај на коронавирус во Пехчево. Станува збор за лице вработено како возач во Итната медицинска помош во Пехчево кое по соопштувањето на резултатите се наоѓа во …

Прв случај на коронавирус во Пехчево Read More »

Земјотрес во тетовско


Земјотрес со интензитет од три степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска 43 минути по полноќ на 71 километар југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, …

Земјотрес во тетовско Read More »

ВМО-ДПМНЕ тврди: Вонредната состојба се злоупотребува


  ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани. -СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството е во минус. Мерките се толку непопуларни и неприменливи што голем број на стопанственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата.Додека сите во регионот одвојуваат …

ВМО-ДПМНЕ тврди: Вонредната состојба се злоупотребува Read More »

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд


Времето денеска преку денот ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во југоисточните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи …

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд Read More »

Демант од Бигорски: Во манастирот имаше монаси, монахињи, верници волонтери, штитеници


Од Бигорскиот манастир ги отфрлија наводите дека таму синоќа не се почитувале препораките на властите и дека верниците го прекршиле полицискиот час, како и дека биле доведени во опасност од зараза. Ви го пренесуваме во целост: „Почитувани новинари, верници и сограѓани, Бидејќи денеска во некои медиуми се појавија написи на одредени слабо информирани и недоволно …

Демант од Бигорски: Во манастирот имаше монаси, монахињи, верници волонтери, штитеници Read More »

Што се случувало вчера во Јован Бигорски?


Алијансата за Албанците бара да се испита прекршувањето на мерките против корона вирусот во манастирот Св. Јован Бигорски, каде што се собрале стотици православни кристјани на литургија. „Испраќаме честитки до секој православен верник што денес слави со надеж мирот и здравјето да бидат присутни во секое семејство. Сепак, славењето на овој празник не треба да …

Што се случувало вчера во Јован Бигорски? Read More »

Помпео ни го честиташе Велигден


Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа испрати поздрави до сите православни христијани кои викендов го одбележуваат празникот Велигден – Христовото Воскресение. -Испраќаме велигденски поздрави и посакуваме радост во ова благословено време на годината. Иако црквите низ цел свет од неодамна се празни, вербата го полни светот секој ден, се вели во честитката што Помпео ја …

Помпео ни го честиташе Велигден Read More »

Излечени 15 пациенти, новозаразени 37, двајца починати


Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на корона вирус во земјава, соопшти Министерството за здравство. – Скопје 8 – Куманово 9 – Прилеп 5 – Тетово 3 – Велес 3 – Охрид 8 – Кочани 1 Починаа двајца …

Излечени 15 пациенти, новозаразени 37, двајца починати Read More »

Министерот Чулев се кршеше со јајца со полициските службеници


По повод големиот христијански празник Велигден, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев придружуван од раководството на СВР Скопје синоќа ги посети колегите, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби во општините Гази Баба, Зелениково и Кисела Вода. На полициските службеници од православна вероисповед министерот Чулев ѝм го честиташе големиот христијански празник Велигден, а на …

Министерот Чулев се кршеше со јајца со полициските службеници Read More »

Филипче: Нека празникот нѐ потсети колку е важно да се грижиме за здравјето, наше и на сите околу нас


Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил упати честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. -Драги пријатели, Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Оваа година прославуваме различно, без големи собири и дружења. Но, празникот е време да се потсетиме кои работи …

Филипче: Нека празникот нѐ потсети колку е важно да се грижиме за здравјето, наше и на сите околу нас Read More »