Што се случувало вчера во Јован Бигорски?


Алијансата за Албанците бара да се испита прекршувањето на мерките против корона вирусот во манастирот Св. Јован Бигорски, каде што се собрале стотици православни кристјани на литургија.

„Испраќаме честитки до секој православен верник што денес слави со надеж мирот и здравјето да бидат присутни во секое семејство. Сепак, славењето на овој празник не треба да претставува потенцијален ризик за ширење на вирусот Ковид-19, затоа Владата требаше да преземе конкретни мерки.

Ние ја разбираме желбата на сите да ја практикуваат религија како што сакаат, но кога станува збор за јавното здравје, на сите нас останува да ги жртвуваме нашите желби за доброто на сите. Стотици православни христијани се собраа синоќа во црквата Бигорски за да го прослават Велигден, не почитувајќи го полицискиот час, препораките и мерките за спречување на вирусот.

Овој случај претставува скандал, кршење на сите мерки, почнувајќи од спречувањето на движењето за време на велигденските празници и во исто време нарушување на јавното здравје на граѓаните. Православните верници, покрај тоа што не го почитуваа полицискиот час, не ја почитуваа ниту препорачаната социјална дистанца и не носеле маски и ракавици, што во овој случај тие можат да бидат извор на масовна инфекција за ширење на Ковид-19.

Итно бараме надлежните органи, полицијата и обвинителството да го испитаат случајот и да преземат мерки согласно кривичната постапка, за организаторите и учесниците. За нас е неприфатливо како политички субјект, и во ваква ситуација државата да користи двојни стандарди, кога пред неколку дена полицијата во информативен разговор покани десетици жители од населбата Сингелиќ, кои протестираа во текот на полицискиот час и истите може да завршат дури и со кривични постапки, додека синоќа дозволи или не спречи собирање на стотици православни верници на церемонијата што се одржа по повод Велигден. Треба да се има предвид дека секаков вид собирање од која било природа е поттик на граѓаните да ги занемарат мерките“, реагираат од Алијансата за Албанците.