Врнежливо со силен ветер и постудено


Во земјава денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на места и над 25 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер од над 70 километри на час. Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 9 до 13 степени.

Во Скопје облачно со дожд што повремено ќе има пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи дожд, а на планините снег. Во петок и за време на викендот времето ќе се стабилизира.