Приведен еден од учесниците на орото во Гевгелија


Гевгелиското велигденско оро заврши со најмалку еден приведен и неколку идентификувани прекршители на полицискиот час.

Синоќа беше препраќано видео на кое се гледа како дваесетина жители на Гевгелија играат оро на улица за време на тридневниот полициски час.Уште синоќа е приведено едно лице, додека се врши препознавање на останатите прекршители.

Од МВР само кратко соопштија дека се работи на овој случај и ќе бидат санкционирани сите оние кои ја прекршиле забраната.