За прв пат повеќе излечени – 21, отколку новозаболени – 18, но тројца починаа


Фото: Б. Грданоски

Во денешниот извештај на Министерството за здравство околу корона вирусот за прв пат пат има повеќе излечени отколку инфицирани лица. Регистриран е 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200 пациенти.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на корона вирус од направените 263 теста.

Скопје -2
Куманово – 9
Штип -2
Тетово -2
Велес -1
Гостивар -1
Пехчево -1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.225.

Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести почина една пациентка од Лабуништа на 46-годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се тројца пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а тројца се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за Ковид-19 се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а шест се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во моментов се лекуваат пет ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.