ВМО-ДПМНЕ тврди: Вонредната состојба се злоупотребува


Фото: Б. Грданоски

 

ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани.

-СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството е во минус. Мерките се толку непопуларни и неприменливи што голем број на стопанственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата.Додека сите во регионот одвојуваат и до 40 пати повеќе од Македонија, за бизнисот и граѓаните, владата на СДСМ ја накачува акцизата за горивата.Наместо да дава СДСМ зема од граѓаните.

Мерките во здравството не се ништо подобри. Недостасуваат елементарни средства, не се почитуваат протоколите од најодговорните и се импровизира со мерките што резултира со континуирано зголемување на бројот на заболени и починати граѓани.

Медицинските лица се оставени без соодветна заштитна опрема. Немаат визири, маски, скафандери, ниту ракавици. Затоа над 17 отсто од заразените се медицински лица, обвинуваат од оваа партија.