Граѓаните ќе излезат на гласање ако здравствените власти дадат зелено светло за избори


Речиси 70 отсто од граѓаните ќе излезат на гласање на парламентарните избори доколку здравствените власти дадат зелено светло за тоа. Тие нема да се чуствуваат безбедно доколку тоа биде само со повик од политичарите. Ова произлегува истражување на јавното мислење кое се однесува на изборите и мислењето на граѓаните за тоа кога треба тие да …

Граѓаните ќе излезат на гласање ако здравствените власти дадат зелено светло за избори Read More »

Полициски час и денеска во државава


На целата територија на државата и денеска е во сила забраната за движење, што почна вчера во 11 часот и ќе трае до утре во 5 часот, а со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на Ковид-19. Одлуката за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните викендот и денеска, Владата ја донесе на 56-тата …

Полициски час и денеска во државава Read More »

Сончево со мала облачност, попладне дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 4 до 14 степени, а дневната од 14 до 25 степени. Во Скопје и околината …

Сончево со мала облачност, попладне дожд Read More »

Ако нема избори, ќе има нова вонредна состојба


Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска изјави дека ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба. Партиите, според него, имаат прилика да се договорат кога ќе има избори, а тие е најдобро да се случат со консензус. -Има две големи контрадикторности кај ВМРО – ДПМНЕ, од една страна критикуваат како …

Ако нема избори, ќе има нова вонредна состојба Read More »

Претседателот на Австрија се заседнал во ресторанот на Аки Нуредини во Виена


Претседателот на Австрија, Александер ван дер Бален „фатен“ е синоќа како ги прекршува рестриктивните мерки поради корона вирусот. Тој со сопругата Дорис Шмидингер седел во бавчата на познат виенски ресторан и по пропишаното работно време. Со одлука на австриската влада, откако од средината на овој месец повторно е дозволена работа на угостителските објекти, работното време …

Претседателот на Австрија се заседнал во ресторанот на Аки Нуредини во Виена Read More »

Јовески: Ковид-19 одлага одредени дејствиjа по предметите на СЈО


Јавното обвинителство  продолжува да постапува по предметите преземени од поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Во интервју за Телевизија Телма, одговарајќи на прашање до каде се преземените истраги од СЈО, односно за исказот на поранешната шефица на СЈО, …

Јовески: Ковид-19 одлага одредени дејствиjа по предметите на СЈО Read More »

Новите 12 случаи со Ковид-19 во Скопје се од пет општини


Од 37-те новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото деноноќие, 12 се во Скопје и тоа пет во Општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираат од Министерството за здравство. Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството, дистрибуцијата по …

Новите 12 случаи со Ковид-19 во Скопје се од пет општини Read More »

Наќе Чулев се почасти баклава, ништо од местенката што ја најавуваше ВМРО-ДПМНЕ


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна средба и ги посети полициските службеници кои се распоредени на полициските пунктови во околината на Тетово и Гостивар. Притоа тој беше дочекан со баклава, по повод муслиманскиот празник Рамазан, кој беше повод деновиве од опозицијата да тврдат дека СДСМ го местат  министерот да дојде во судир …

Наќе Чулев се почасти баклава, ништо од местенката што ја најавуваше ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Короната влезе и во старечките домови


Скринингот покажа еден заболен во геронтолошка установа, соопшти денеска Министерството за здравство. Покрај овој случај, со скринингот беа регистрирани и двајца заболени од градинките. Од вкупниот број направени тетови 507 во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во …

Короната влезе и во старечките домови Read More »

Не паѓа бројот на заразени, повторно 37 заболени


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти. – Скопје 2 – Прилеп 7 – Велес 2 Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19. Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус. – Скопје 12 – Куманово 8 – Штип 2 …

Не паѓа бројот на заразени, повторно 37 заболени Read More »

Поглаварот на ИВЗ прогласи победа над корона вирусот


Поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи на молитва во Мустафа-пашината џамија им го честиташе Рамазан Бајрам на верниците. „Успешно се справувавме до сега, а со одржувањето на овој намаз за Фитер Бајрам прогласувам и победа над вирусот. Убеден сум дека го победивме и од овој момент можам да го прогласам за мртов еднаш засекогаш. Им …

Поглаварот на ИВЗ прогласи победа над корона вирусот Read More »

Филипче го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце


Министерот за здравство Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце. – Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото …

Филипче го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце Read More »

Скопјани пред полицискиот час: Масовно се рекреираат, за да не заборават да одат


Со велосипеди, ролерки, тротинети, со миленичиња или без сето тоа, Скопјани утрово излегоа масовно на улиците и на најблиските рекреативни места за да се раздвижат пред да почне полицискиот час, што треба да трае од 11 денес до вторник во 5 часот. Каков стерс им создава ваквиот режим на живеење се виде од фактот дека …

Скопјани пред полицискиот час: Масовно се рекреираат, за да не заборават да одат Read More »

Пендаровски: По 11 векови делото на Кирил и Методиј е живо


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Почитувани сограѓани, Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на словенските апостоли, заштитниците на Европа, кои ни оставија азбука, книги, но и …

Пендаровски: По 11 векови делото на Кирил и Методиј е живо Read More »

Спасов за МИА: Да ја негуваме традицијата на Кирил и Методиј, да се грижиме повеќе за македонскиот јазик


Денеска го одбележуваме 24 Мај, Денот на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. За тоа колку достојно ги чествуваме Кирил и Методиј, дали во земјава се грижиме за македонскиот јазик и колку го негуваме, за зачестените оспорувања на македонските национални атрибути, …

Спасов за МИА: Да ја негуваме традицијата на Кирил и Методиј, да се грижиме повеќе за македонскиот јазик Read More »

Ковид-19 го опфати и Рамазан Бајрам – баклавата со најтесниот круг на семејството


По триесет дена пост верниците од исламска вероисповед денеска го слават Фитр Бајрам (познато меѓу народот како Рамазан Бајрам ). Честитките за овој верски празник почнуваат по завршување на Бајрамската молитива. Оваа година како резултат на пандемијата со КОВИД-19 во џамиите Бајрамската молитва ќе се одвива под мерките и упатствата дадени од страна на здравствените …

Ковид-19 го опфати и Рамазан Бајрам – баклавата со најтесниот круг на семејството Read More »

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде …

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и ветер Read More »

Ден на сесловенските просветители, чествувањето во Рим откажано поради пандемијата


Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да …

Ден на сесловенските просветители, чествувањето во Рим откажано поради пандемијата Read More »

Државата во 42-часовен карантин


Од денеска во 11 часот на територијата на целата држава започнува 42-часовен карантин, со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на Ковид-19. Забраната за движење ќе трае до вторник 05:00 часот. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава се искачи на 1 941, откако во текот на изминатото деноноќие беа потврдени 20 нови …

Државата во 42-часовен карантин Read More »

Реисот Реџепи се ожени за 50 години помлада девојка


Медиумите на албански јазик објавија информација дека Реисот Сулејман Реџепи повторно се оженил, овојпат за 50 години помлада девојка. Според медиумите утре на неговиот профил ќе бидат објавени фотографии од новата сопруга. Според она што се објавува, станува збор за 24-годишната Емина Јетиши од Скопје. Таа е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани. Реџепи …

Реисот Реџепи се ожени за 50 години помлада девојка Read More »