Новите 12 случаи со Ковид-19 во Скопје се од пет општини


Фото: Б. Грданоски

Од 37-те новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото деноноќие, 12 се во Скопје и тоа пет во Општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупниот број 199 активни случаи во Скопје, како што посочуваат од Министерството, дистрибуцијата по општини е следна: Сарај – 41, Гази Баба – 39, Чаир – 38, Аеродром – 25, Бутел – 13, Ѓорче Петров – 9, Центар – 9, Карпош – 7, Илинден – 7, Шуто Оризари – 6, Кисела Вода – 3, Студеничани – 1, Петровец – 1.