Почна да се полни и модуларната болница


Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ изјави дека веќе се полнат капацитетите на модуларната болница до Инфективната клиника, односно дека веќе има 15 места од вкупно 71 колку што е капацитетот. Исто така Стевановиќ уште еднаш апелираше на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а воедно апелираше сите оние кои се асиптоматски случаи да […]

Новите 40 питомци на Воената акадeмија дадоа заклетва, Шекеринска им порача само небото да им биде граница


Се колнам дека ќе ги бранам слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на РС Македонија, кажаа меѓудругото во свечената заклетва 40 питомци од 24. класа на Воената академијата „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, кои ќе го започнат военото образование, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска им порача само небото да биде граница, да чекорат напред […]

Хирург од кумановската болница почина од коронавирусот


Хирургот од кумановската болница, д-р Драган Тасевски почина од последиците на коронавирусот, пишуваат неговите колеги по социјалните мрежи. „Од “неопасниот”вирус, јас би рекла од најнепредвидливиот вирус, вчера изгубивме колега од кумановската болница, хирургот Драган Тасевски. Нека му е лесна земјата, а со свои 60 години не беше за во земја…Колку се е релативно, денес сме […]

Груевски пред да избега дал исказ за парцелите на Водно


Околу 1,3 милиони евра биле префрлени од фирма од Белизе на фирма ќерка во земјава во случајот со парцелите на Водно, за кој неодамна беше покрената истражна постапка. Во моментов се испитуваат сведоците, по што ќе биде извршено и вештачење. Потоа ќе треба да бидат испитани и обвинетите во случајот. Засега исказ има дадено само […]

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи


Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш ќе почне процесот на вакцинација. Набавени се 40.000 дози на четири типни вакцини кои се производ на „Sanofi Pasteur“, Франција (VAXIGRIP TETRA), информираат за МИА од Министерството за здравство. Вакцините, како што истакнуваат, се наменети за бесплатна вакцинација на следните […]

Царовска: Се расфрламе со пари греејќи училници за еден наставник


Можно е наставниците да се вратат дома и да држат часови, за да не мора да се загрева цела училница за еден наставник, рече во Кочани министерката за образование и наука, Мила Царовска. „Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и […]

(Во живо) Прес на Антикорупциска


Државната комисија за спречување на корупција ќе одржи тематска прес-конференција во врска со Посебен извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија–2020 година. https://www.facebook.com/359477174168894/videos/816072479172588/?__tn__=F

Со онлајн наставата децата стануваат подостапни и за онлајн криминалците


Државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска порача денес дека криминалците не се повлекоа поради пандемијата туку напротив се прилагодија и го сменија начинот на своето делување. На форумот на Националната конвенција за ЕУ во Македонија, насловен „Пандемијата и безбедноста – како натаму?“, таа соопшти дека најзастапени во овој период се делата поврзани со тешки кражби  […]

И оценувањето ќе биде онлајн


Бирото за развој на образованието доставило препорака до сите училишта оценувањето да биде онлајн, велат од Бирото за порталот факултети.мк.Причина за ова е влошената епидемиолошка состојба. „Предвидени се средби со физичко присуство на кои учениците треба да се тестираат, но поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на […]

Во Скопје 509 санкционирани возачи, од нив 75 за пречекорена брзина


 Изречени се вкупно  509 санкции во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените полициски контроли во областа на сообраќајот. Од МВР денеска соопштија дека за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирани се 75 прекршоци, изречени се 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас. […]

Бирото за развој препорачува оценувањето засега да биде онлајн


Поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на наставниците, Бирото за развој на образованието доставило препорака до сите училишта оценувањето да биде онлајн преку платформата, јавува факултети.мк. „Предвидени се средби со физичко присуство на кои учениците треба да се тестираат, но поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за […]

Бомба уби дете во Москва


  Дете на возраст од 14 години загина во експлозија на бомба од Втората светска војна во воено-патриотскиот центар недалеку од Москва, јави Тас. Повикувајќи се на извор од Итната служба, агенцијата пренесува дека детето се обидело да ја раздели бомбата во детскиот воено-патриотски центар, кога направата експлодирала. На детето му била оштетена артеријата и […]

Сончево со локална облачност и слаб северозападен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје и околината претежно сончево со максимална температура до 18 степени. До сабота ќе се задржи претежно сончево и тивко време со ниски утрински температури и […]

Нови ковид мерки – Угостителите ќе работат до 23 часот, администрацијата од дома, а јавниот превоз со преполовен капацитет


Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите веднаш стапија на […]

Презентација на нов вид заштитна маска за заштита од Ковид-19


Презентација на иновација на нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита од вирусот Ковид-19 ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот, во организација на Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ), со поддршка од Министерството за здравство. – Пронаоѓач од НАИМ патентирал целосно нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба од која […]

Завршна конференција на проектот на Институтот „Европа за тебе“ за културното наследство на Валандово


Во Валандово денеска ќе се одржи завршна конференција на проектот „Свеста за своето Валандово 2020“, што го спроведуваше Институтoт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, со цел развивање на свеста кај младите, наставниците и локалното население за културното наследство и традицијата на Општина Валандово. Проектот „Иднината на Валандово – младите ја […]

Хасани: Да се тестираат сите што биле на свадби


Рестриктивните мерки се единствени мерки со кои може да се спречи ширење на инфекцијата од Ковид-10. Ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивни мерки, но ако бројката на новозаболени се зголемува, постои можност да ги засилиме, посочи вечерва заменик министерот за зравство, Илир Хасани. Според Хасани, непопуларно е да се зборува за социјалните […]

Заев предложи разрешување на Лидија Димова


Премиерот Зоран Заев на денешната 13-та владина седница ги информираше членовите на Владата дека го прифатил барањето на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, да му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, заради неетично […]

Филипче: Ако се исполнат болничките капацитети, следува карантин


Доколку се исполнат болничките капацитети со пациенти, во тој случај ќе биде предложен карантин, рече министерот за здравство Венко Филипче, во вестите на Канал 5. Тој појасни дека болничките капацитети забрзано се исполнуваат, па за прв пат и одделението во Кавадарци се користи за згрижување пациенти со Ковид-19. Меѓу болниците во Прилеп и Битола се […]

Сашо Тасевски реизбран за директор на Бирото за јавна безбедност


На денешната седница Владата го прифати предлогот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Сашо Тасевски да биде именуван за директор на Бирото за јавна безбедност. – На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен, објави Спасовски […]