Нов број на списанието „Македонски архивист“


Во новото издание на списанието „Македонски архивист“ (број 27-28, 2020), што го публикува Државниот архив двапати годишно, се објавени актуелни и научно-историски написи, кои го привлекуваат вниманието на читателската публика. Валентина Трајаноска пишува за вредностите на позначајните документи што се наоѓаат во депоата на Државниот архив, м-р Елисавета Марковиќ својот текст им го посветува на […]

(ВИДЕО) Шилегов објави „пред и потоа“ видео од стационарот „Лајка“


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на неговиот официјален фејсбук-профил објави „пред и потоа“ видео од стационарот „Лајка“, при што истакнува дека е извршеба целосна реконструкција и создаден модерен стационар по најнови европски стандарди. – Состојбата во која го затекнавме претходниот стационар не ги задоволуваше основните стандарди и услови што се очекуваат за хуман третман […]

За законот за заштита од заразни болести ќе се расправа на 27 октомври


На барање на опозицијата на денешната 18. собраниска седница не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, којшто треба да бидат основа за спроведување нови мерки за заштита од коронавирусот. Од пратеничката група на СДСМ посочуваат дека опозицијата побарала време да го разгледа бидејќи […]

Има сериозна аргументација за носењето маски на отворено, вели Заев


Има сериозни аргументи за носењето маски на отворено, изјави денеска премиерот Зоран Заев, апелирајќи да се почитува мислењето на експертите и на институциите. За мерките што ги предлага Комисијата за заразни болести вели дека тие во најголем процент не се ништо поразлични од мерките што ги преземаат државите во светот. – Гледате дека бројките се […]

Заев: Наш приоритет останува развојот и афирмацијата на македонскиот јазик


Македонскиот јазик денес е признат во целиот свет и неговата посебност е впишана во личната карта на нашата држава, во големото семејство на народи и на земји членки на ОН. Како рамноправен со сите светски јазици, се користи слободно секаде низ целиот свет, рече премиерот Зоран Заев денеска во Институтот „Крсте Мисирков“ на отворањето на […]

Собранието не расправаше за Законот за заштита од заразни болести


Собранието на  Македонија, иако, претходно беше најавено на собранискиот сајт, не расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Во него требаше да бидат вметнати измени и дополнувања во контекст на владините мерки за заштита на населението од Ковид-19. Пратениците ја изгласаа и потребата за носење на закон за […]

Бугарија го блокира и договорот на Македонија со ФРОНТЕКС


Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон е во контакт со бугарската влада за да се најде решение за блокада на договорот за Фронтекс со Северна Македонија од страна на Софија. Северна Македонија не може да го финализира договорот за гранично управување со Европската Унија поради билатералниот спор со Бугарија. Европската Унија почна да ги склучува […]

Пленковиќ – Османи: Продолжува поддршката на Хрватска за евроинтеграцискиот процес


Министерот за надворешни работи Бујар Османи својата работна посета на Хрватска денеска ја започна со средба со премиерот Андреј Пленковиќ, кому му се заблагодари за континуирана хрватска поддршка и исклучителниот ангажман за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, под чија палка беше постигнат консензус и беше донесена одлуката за почеток на пристапните […]

Половина од новодијагностицираните од Ковид-19 се од Скопје, најмногу се од 30 до 39 години


Процентот на позитивни случаи од тестирани лица на Ковид-19 изнесува 20,3 проценти, најзастапена возрасна група меѓу позитивните случаи е на лица на возраст од 30 до 39 години – 20,9 отсто од заболените, а најголем дел од регистрираните лица се од Скопје, покажа извештајот на  Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од […]

Нивото на Црн Дрим седум пати под просекот


Седум пати под просекот за октомври е нивото на Црн Дрим кај Ложани, покажуваат денешните хидролошки мерења. Според УХМР, намалени се и нивоата на Вардар кај Велес и Јегуновце, на Струмица кај Ново Село, на Треска кај Македонски Брод, на Лепенец кај Скопје и на Сатеска кај Ботун. Состојбата кај езерата, Охридското, Прспанското и Дојранското, […]

За Вранишковски настанот во Бигорски бил селски панаѓур


Критики на сметка на македонскиот државен врв изнесе владиката Јован (Зоран Вранишковски), расчинет од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а кого СПЦ го признава како скопски митрополит и архиепископ на Православната Охридска Архиепископија-ПОА, пишува Дојче Веле. Во „ексклузивното интервју за српски „Блиц’“ под наслов „Самостојна македонска црква би била штетна за православието“, неговите критики […]

Ученици од социјално загрозени семејства од ОУ „Ибе Паликуќа” ќе добијат таблет компјутери


Ученици од социјално загрозени семејства од основното училиште „Ибе Паликуќа“ во село Бојане денеска ќе добијат таблет компјутери со цел да можат да ја следат наставата онлајн. Таблет компјутерите ги доделува ЗИП Институт во рамки на проектот “Фронт против Ковид-19 во Сарај”. Настанот ќе се одржи во основното училиште, а ќе присуствуваат извршниот директор на […]

Непочитувањето на мерките – национален „спорт“


Во изминатото деноноќие регистрирани се 796 прекршоци за неносење на заштитна маска, информира Министерството за внатрешни работи.Оттаму секојдневно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот. Сообраќајната полициј пак, само на територијата на Град Скопје изрече вкупно 301 санкција, од кои 69 за пречекорување […]

Есенска идила во Скопје (галерија)


Жолтата боја, шушкањето на лисјата под нозе, тишината на раната есен и малку сонце е она што ни треба сега во време на корона и зовриени политички страсти. Најубаво, рано насабајле, додека Скопје се буди и почнува трката со времето и професионалните обврски. Скептиците стануваат романтичари, песимистите-оптимисти.Воздухот мириса на надеж, ви навираат спомени од младоста, […]

Состојбата во градинките под лупа на надлежните, досега 18 деца и 55 вработени позитивни на корона вирусот


Од моментот на отворање на градинките на 9 септември, досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на коронавирусот. Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени. Бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува, но генерално нивната здравствена состојба е добра. Според министерката за […]

Владата ќе расправа за работењето на угостителите до 23 часот, а Собранието за носењето на маските


Сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 отсто, забрана на јавни настани и препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации […]

Вело Марковски, човекот од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека корона вирусот не е опасна болест


Познатиот инфектолог, проф. Вело Марковски, денеска изјави оти Ковид-19 „не е опасна вирусна инфекција, реалната бројка што умреле од ковид е 100 до 200 илјади луѓе во светов. Не е опасна болест. Ние не сме во паника, во хаос сме, науката не се почитува“. Марковски, кој и на почетокот на епидемијата имаше контроверзни мислења околу […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти […]

(Фото) Скопје до полноќ ќе добие вода – дефектот е саниран


Откако се појави дефект на цевка кај Олимписки базен, речиси половина Скопје денеска немаше вода, а граѓаните беа снабдувани со вода со цистерни. Сепак, од „Водовод и канализација“, известија дека дефектот е саниран, а граѓаните ќе добијат вода до полноќ. „ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на бул. „Кочо Рацин“, […]

Со дел од кредитот од Светска банка ќе се подигнат и опремат 16 мобилни КОВИД одделенија, вели Филипче


Заемот од Светската банка е т.н. брз заем, кој го добиле близу 100 земји во светот и е наменет за зајакнување на здравствените системи во секоја од нив. Станува збор за околу 34 милиони долари, за нив е изработен план и меѓудругото ќе се искористат за поставување на мобилните 16 мини КОВИД одделенија до сите болници, каде […]