Со прекин на електричната енергија утре ќе бидат дел од корисниците во општините Карпош, Центар и Бутел


 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Карпош, Центар и Бутел.

– Од 09:00 до 13:00 часот, дел од ул. „Јурин Гагарин“ од бр. 1 до бр. 90 и ул. „Козле“ бр, 2,  од 09:00 до 13:30 часот, ул. „Владимир Полежиновски“ од куќен бр. 12 до бр. 22, од 09:00 до 15:00 часот, делови од улиците: „Миле Поп Јорданов“, „Стогово“, „Џумајска“, „Братфордска“ и „Козле“ бр. 32, од 10:00 до 14:00 часот, делови од улиците: „Бутелска“ и „Марко Крале“ ќе имаат прекин на електричната енергија, соопштија од РЦУК Скопје.