д-р Пановски: Со 400.000 вакцинирани може да постигнеме заштита на населението од Ковид-19


Со 400.000 вакцини може да постигнеме заштита од Ковид-19, тврди д-р Никола Пановски.

Тој смета дека до март, кога се очекува да стигне вакцината против корона вирусот, 600.000 граѓани, на некој начин, ќе имаат стекнато имунитет на болеста, затоа што ја прележале на некој начин, со или без симптоми.

Ако вакцинираме уште 400.000 илјади луѓе, за кои веќе е обезбедена вакцината во две дози, тоа ќе биде доволно за да сметаме дека наеселението е заштитено. Додава дека децата, на почетокот од учебната година, ако болеста се уште постои, ќе си ја предадат еден на друг и ќе стекнат природен имунитет, така што заштитата на населението ќе биде постигната, рече д-р Пановски на Канал 5.

Следното лето, смета дека ќе биде порелаксирано од ова што го поминавме, но дека маски ќе продолжиме да носиме од страв, а не од некој реална оправданост.

Дополнително, смета д-р Пановски, со добра организација, ранливите категории граѓани и здравствените работници, може да бидат вакцинирани во два месеца.