Од Ковид-19 починаа уште 46 пациенти, паѓа бројот на новозаразени, денеска само 504 случаи


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, Прилеп-36, Тетово-47, Струга-1, Велес-31, Битола-8, Охрид-19, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15, Неготино-10.

Починати се 46 лица, деветнаесет пациенти од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84г), еден од Дебар (74г), еден од Штип (81г) и еден од Прилеп (83г), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67г), двајца од Струга (61 и 61г), тројца од Велес (68, 68 и 59г), тројца од Охрид (71, 89 и 57г), еден пациент од Кавадарци (64г), еден од Гостивар (59г), тројца од Струмица (73, 75 и 83г), двајца од Кочани (82 и 70г), еден од Демир Хисар (71г), еден од Македонски Брод (64г) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67г). Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од: Скопје-252, Куманово-18, Штип-34, Прилеп-47, Тетово-22, Струга-34, Велес-35, Битола-33, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-39, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-60, Кочани-5, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Виница-7, Кратово-4, Свети Николе-10, Кичево-24, Ресен-13 и Неготино-13.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 30.273, активни 10.886
• Куманово 4.113, активни 655
• Дебар 525, активни 139
• Штип 2.943, активни 476
• Прилеп 3.470, активни 961
• Тетово 4.226, активни 1.024
• Струга 1.670, активни 418
• Велес 2.299, активни 694
• Битола 2.468, активни 879
• Охрид 1.888, активни 558
• Кавадарци 1.536, активни 584
• Гостивар 2.947, активни 916
• Гевгелија 863, активни 268 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 150 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.907, активни 592
• Крива Паланка 498, активни 136
• Радовиш 491, активни 128
• Крушево 148, активни 18
• Кочани 1.352, активни 250
• Пробиштип 391, активни 77
• Демир Хисар 212, активни 54
• Македонски Брод 189, активни 40
• Пехчево 113, активни 19
• Берово 436, активни 119
• Валандово 238, активни 56
• Виница 405, активни 128
• Делчево 568, активни 290 (162 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 171, активни 42
• Свети Николе 935, активни 209
• Кичево 1.385, активни 401
• Ресен 536, активни 199
• Неготино 758, активни 363 (114 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-571, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-206, Биотек-119, МАНУ -203, Клиника „Жан Митрев“ -90, Систина со PCR метода -173, Инфективна клиника-10, ГАК-30, Ремедика-19, ЈЗУ (рапид тест) -32, УК Пулмологија со алергологија –1. Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19.