Облачно и ветровито, попладне дожд


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд во попладневните и вечерните часови кои наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 8  до 13 степени.

Во Скопје слично време со слаба утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следниот период синоптичарите најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.