Филипче и Коцарев разговараа за зголемување на капацитетите за тестирање за Ковид-19 во МАНУ


Работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата од Ковид -9 и на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите, како и зголемувањето на капацитетите на лабораторијата на Академијата и подобрување на условите за тестирање во иднина, беа меѓу темите на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

– Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од ПЦР тетсови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ 8 Септември и болниците во Кичево и Дебар, информираат од Министерството за здравство.

На средбата како иден план се постави проектот вооведување на персонализирана медицина на национално ниво како начин за лекување на онколошки болести и за други области од медицината.