Грција нарачала вакцини и за себе и за Македонија


Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека Грција освен за себе нарачала вакцини и за Мекедонија и за Албанија. Тој изјави и дека денеска Македонија го платила авансот за 833.000 вакцини, што е доволно за околу 400 илјади луѓе. „Вклучени сме заедно со 126 други земји во Ковакс системот. Организирани се најмалку девет приватни фирми кои ги имаат обезбеднео сите услови за различниот тип вакцини, затоа што има едни кои мора да бидат на -70 степени, некои на -20 за да има соодветно чување и дистрибуција и имплементација. Почнаа едукациите, ни помагаат УСАИД и СЗО“, рече Заев.

Вториот систем за нарачки на вакцини оди преку ЕУ. „Таа нарача 200 милиони за нејзините членки, но и 100 милиони за земјите кои не се членки на Унијата. Значи и ние сме тука. Од тие сто милиони ние бараме уште 800 илјади“, нагласи Заев. 

„Половина од моето семејство беше позитивно на Ковид-19, моите две деца, брат ми и братучеди. Тие што поминаа веќе имаат антитела. Јас не бев позитивен“, рече Заев и дополни дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, бил многу болен со температура од 39 степени и нападнати белодробни крила.