Поглаварот на ИВЗ прогласи победа над корона вирусот


Поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи на молитва во Мустафа-пашината џамија им го честиташе Рамазан Бајрам на верниците.

„Успешно се справувавме до сега, а со одржувањето на овој намаз за Фитер Бајрам прогласувам и победа над вирусот. Убеден сум дека го победивме и од овој момент можам да го прогласам за мртов еднаш засекогаш. Им го честитам празникот на сите муслимани во земјава“, истакна тој.

Во џамиите делумно се почитуваа мерките и не секој верник носеше маска и одржуваше дистанца. Обавувањето на намазот траеше само 15 минути, како што беше препорачано во мерките на ИВЗ. Освен заштитна опрема и држење дистанца, препораките беа и секој верник да носи лично сеџаде и да се избегнат поздравите со физички контакт.

Баклавата и слатките пак, кои се синоним за Фитр Бајрам  препорачано е да се служаат само на потесниот дел од семејството.  И во педесетина џамиии во дебарско празник со славел со почитување на мерките против корна вирусот. Со цел да се спречат поголеми собири, од 11 часот е воведен полициски час.

Во Делчево пак, иако беа откажани сите културни настани, се одржа црковна свеченост за да се празнуваат заштитниците на градот сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“. Притоа, се одржа света божествена литургија, како и црковна литија која започна од соборниот храм кој го носи името „Св.Кирил и Методиј“, потоа продолжи низ градските улици се до параклисот „Св.Климент Охридски“, по што верниците се вратија во храмот каде заврши литијата. Иако не се почитуваше дистанцата, учесниците носеа маски за заштита, но не и свештениците.

Честитајки им го празникот на сите христијани, Отец Атанас Поповски ги повика двајцата светци да помогнат да се извадиме од денешната ситуација.
-Како што секогаш помагале на народот и сега во вера, во надеж, во љубов ќе излеземе и од ова што го имаме денес, додаде Поповски.