Скопјани пред полицискиот час: Масовно се рекреираат, за да не заборават да одат


Со велосипеди, ролерки, тротинети, со миленичиња или без сето тоа, Скопјани утрово излегоа масовно на улиците и на најблиските рекреативни места за да се раздвижат пред да почне полицискиот час, што треба да трае од 11 денес до вторник во 5 часот.

Каков стерс им создава ваквиот режим на живеење се виде од фактот дека се откажаа и од купувањето  во продавниците, само за да фатат некој саат повеќе движење во отворен простор.

Фотографиите се од населбата Аеродром каде што никогаш досега во недела наутро немале ни половина од жителите излезени на улиците, а уште помалку цели семејства заедно.