Претседателот на Австрија се заседнал во ресторанот на Аки Нуредини во Виена


Претседателот на Австрија, Александер ван дер Бален „фатен“ е синоќа како ги прекршува рестриктивните мерки поради корона вирусот.

Тој со сопругата Дорис Шмидингер седел во бавчата на познат виенски ресторан и по пропишаното работно време.

Со одлука на австриската влада, откако од средината на овој месец повторно е дозволена работа на угостителските објекти, работното време е ограничено од 6 до 23 часот.

Претседателот е затечен во ресторанот по 23 часот, а на сопственикот му се заканува казна од 30.000 евра.

Кога полицијата синоќа дошла до бавчата на локалот била затекната од гостите кои седеле на маса со пијалок.

Чуварите на редот за тоа ги известиле надлежните власти и сега директорот на градскиот Магистрат треба да одлучи дали ќе го казни сопственикот на локлот кој не го испочитувал работното време.

Претседателот се правда дека тоа било грешка и дека прв пат, откако се затвориле локалите, со сопругата и со пријатели излегол во ресторан на вечера.

„Нешто се размуабетивме и заборавивме на времето. Многу ми е жал, тоа беше грешка“, вели тој.

Сопственикот на ресторанот „Соле“, со потекло од Македонија, Аки Нуредини, вели дека укажал на работното време, како што пропишува законот, а со последната рунда пијачка го затворил ресторанот во 23 часот.

Како што додава, претседателот Ван дер Бален, останал во бавчата. Нуредини е татко на македонскиот министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Според законот за угостителски објекти и по затворањето, по 23 часот, теоретски гостите може да останат да седат во бавчата, но тоа се смета за приватна забава.

Но, ресторанот на гостите по 23 часот, не смее да им сервира ништо, а шанкот и кујната мора да бидат затоврени.

Сега Магистратот мора да одлучи дали ресторанот „Соле“ го испочитувал котона законот, или го прекршил, додека на гостите, на претседателот и
на неговата сопруга не им се закануваат никакви последици.

Однесувањето на претседателот наиде на жестока критика од Слободарската партија на Австрија, која укажува дека очигледно шефот на државата не го почитува „корона лудилото“ на владата со кое ги нервира граѓаните.

„КОј не ја почитува уредбата на владата поаѓа од тоа дека е над законот. Тоа е неодговорно однесување на претседателот на една демократска држава“, истакна генералниот секретар на оваа партија, Михаел Шнедлиц.