Сончево со мала облачност, попладне дожд

Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 14 степени, а дневната од 14 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 8 степени, а дневна до 22 степени.