Короната влезе и во старечките домови


Скринингот покажа еден заболен во геронтолошка установа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Покрај овој случај, со скринингот беа регистрирани и двајца заболени од градинките.

Од вкупниот број направени тетови 507 во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.

Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на Ковид-19.