Владата формираше фонд за помош на радиодифузерите


Владата донесе одлука да формира Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата. Со одлуката тие ќе добијат надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските …

Владата формираше фонд за помош на радиодифузерите Read More »

Кој може и натаму да работи од дома?


Хронично болните лица и родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, потоа бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена …

Кој може и натаму да работи од дома? Read More »

Изборите неопходни бидејќи Владата не е ефикасна со техничките министри


Пред летото, односно пред граѓаните да заминат на летен одмор, би требало да имаме избори. Крајот на јуни, почеток на јули треба да се одржат изборите со цел да обезбедиме функционални институции и функционален парламент, нагласи потпретседателката на СДСМ Мила Царовска. Таа нагласи дека тоа е клучно за ефикасно функционирање на сите инстиуции, бидејќи очигледно …

Изборите неопходни бидејќи Владата не е ефикасна со техничките министри Read More »

Осигурениците се ослободени од партиципација за КОВИД-19


Владата на 58-та седница ја измени и дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба, со што се овозмоќува ослободување од партиципација на осигурениците за здравствени услуги поврзани со КОВИД 19. Дополнувањето дава и право на лекување од КОВИД-19 на државјани на соседните земји со кои …

Осигурениците се ослободени од партиципација за КОВИД-19 Read More »

Усвоени протоколите за запишување во училиштата, за полагање на испити на факултетите и работа на градинките


Владата ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта, Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година, протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 …

Усвоени протоколите за запишување во училиштата, за полагање на испити на факултетите и работа на градинките Read More »

Денес седница на Советот за безбедност – ќе продолжи ли вонредната состојба


Советот за безбедност денеска напладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Денеска е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, …

Денес седница на Советот за безбедност – ќе продолжи ли вонредната состојба Read More »

Д-р Каламарас: Недисциплината на граѓаните ја влоши ситуацијата


Шефицата на Инфектолошкото одделение на болницата „8 Спетмеври“, д-р Патриција Каламарас денеска изјави дека главен виновник за порастот на инфицираните од корона вирусот е недисциплината на граѓаните. Во интервју за ТВ 24 д-р Каламарас стравува дека ситуацијата може и да се влоши и дека последните примени 35 пациенти се директен резултат на таа недисциплина. „Досега …

Д-р Каламарас: Недисциплината на граѓаните ја влоши ситуацијата Read More »

Петровска до Чулев: Полицајците ти се смеат, немале метро да измерат растојание!


Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, објави дека бројот на заболени од коронавирус е резултат на обидите на министерот Наќе Чулев да се биде допадлив во ситуации кога ни треба решителност. Петровска вели дека нејзините предлози за порешителни акции биле игнорирани, а началниците назначени од Чулев велеле дека полицајците немаат метрo за да измерат …

Петровска до Чулев: Полицајците ти се смеат, немале метро да измерат растојание! Read More »

Телефонски разговор на Пендаровски со папата Франциско


Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, во кој изрази жалење што поради пандемијата на Ковид-19 не се реализирала неговата посета на Ватикан по повод чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и не беше остварена средбата со неговата светост. Во телефонскиот разговор …

Телефонски разговор на Пендаровски со папата Франциско Read More »

Aпел до граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона


Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата, повика денеска Министерство за Информатичко општество и администрација граѓаните неодложно да ја инсталираат апликацијата. -Ги повикуваме уште еднаш сите граѓани да ја инсталираат апликацијата СтопКорона . Вашата и безбедноста на вашите најблиски е најважна, апелират од МИОА. …

Aпел до граѓаните да ја инсталираат апликацијата СтопКорона Read More »

И ОТА го демантира Чулев


Оперативно-техничката агенција целосно ги отфрла како невистинити информациите за непримена на одредбите од Законот за Оперативно-техничка агенција, кои беа изнесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. – ОТА, во согласност со своите законски надлежности утврдени во членовите 2 и 3 од Законот за ОТА, дејствувајќи како посреднички орган обезбедува технички премин и …

И ОТА го демантира Чулев Read More »

Чулев тврди: Секојдневно сум изложен на закани по животот


Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики тераше дневен пи ар со прашањето поврзано со справување со корона вирусот, објави на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Секоја одлука на Владата, вели Чулев, поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни беше носена низ …

Чулев тврди: Секојдневно сум изложен на закани по животот Read More »

Пливачката федерација бара да се отворат базените за да не попуштат психички пливачите


Националната пливачка федерација на Македонија упати нов апел до надлежните државни и здравствени власти да ги отворат базените по укинувањето на рестрикциите  со образложение дека – во спротивно психички ќе попуштат пливачите. Федерацијата посочува дека долготрајното отсуство на секојдневни навики и отсуство од природната средина психички влијаат кај сите, па затоа и подготвија протокол како …

Пливачката федерација бара да се отворат базените за да не попуштат психички пливачите Read More »

Заев: Бројките на новозаболени се директна последица од неработењето на Чулев


Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, објави на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат …

Заев: Бројките на новозаболени се директна последица од неработењето на Чулев Read More »

Од 1 јуни летно сметање на работното време на паркинзите на „Градски паркинг“-Скопје


Од понеделник 1 јуни 2020 година започнува летното сметање на работното време на сите јавни површини наменети за паркирање со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје, зони А, Б, Ц и Д. Работното време, како што соопшти претпријатието, ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот за зони А, Б, …

Од 1 јуни летно сметање на работното време на паркинзите на „Градски паркинг“-Скопје Read More »

Пазарните инспектори бркани од локалите, ќе се изрекуваат и казни


Жива музика, играње на маса, гушкање. Ова, меѓу другото, го затекнале пазарните инспектори синоќа, додека вршеле контроли во угостителските објекти кои од вчера почнаа со работа. Инспекторите, како што соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, биле навредувани не само од страна на сопственици на локалите, туки и од гостите. „Едуцирајте не и напуштете …

Пазарните инспектори бркани од локалите, ќе се изрекуваат и казни Read More »

Нема да се брза со отворање на градинките


Нема да се брза со донесувањето на одлука за отворање на градинките, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој планот за отворање на градинките е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика и оти тој ќе се спроведува паралелно со враќање на вработените на работните места. …

Нема да се брза со отворање на градинките Read More »

И за умрениот од ковид-19 семејството не давало податоци


Голем број од пациентите кои се заразени не ги даваат соодветните податоци за контактите за потоа да може да им се издадат решенија за самоизолација, а сето ова доведува до ширење на вирусот. Епидемиолозите наишле на многу сериозни проблеми со земање на податоците во општините каде има најмногу заболени, а проблем имале и во случајот …

И за умрениот од ковид-19 семејството не давало податоци Read More »

Филипче: Во Тетово масовно не се почитуваат мерките


Објавувајќи го денешниот билтен за состојбата со корона вирусот, министерот за здравство Венко Филипче посебно го нагласи масовното непочитување на мерките во Тетово и околните места. Од денешните 52 новозаразени девет се од Тетово, но таму се излекувани 10 лица. „Се направи надзор во Центарот за јавно здравје во Тетово и беше утврдено дека не …

Филипче: Во Тетово масовно не се почитуваат мерките Read More »

Отфрлена кривичната пријава за смртта на двајцата планинари на Кајмакчалан, било несреќен случај


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава по предмет оформен по допрен глас против едно лице за кривични дела „несовесно работење во службата“ и „тешки дела против општата сигурност“, а во врска со искачување на врвот Кајмакчалан во Република Грција, при што починаа двајца македонски планинари. Од ЈО на Република Северна …

Отфрлена кривичната пријава за смртта на двајцата планинари на Кајмакчалан, било несреќен случај Read More »