Владата формираше фонд за помош на радиодифузерите


Владата донесе одлука да формира Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата. Со одлуката тие ќе добијат надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

Владата денеска реши исто така дека кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери кои ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување.