Изборите неопходни бидејќи Владата не е ефикасна со техничките министри

Пред летото, односно пред граѓаните да заминат на летен одмор, би требало да имаме избори. Крајот на јуни, почеток на јули треба да се одржат изборите со цел да обезбедиме функционални институции и функционален парламент, нагласи потпретседателката на СДСМ Мила Царовска. Таа нагласи дека тоа е клучно за ефикасно функционирање на сите инстиуции, бидејќи очигледно е дека министрите на ВМРО-ДПМНЕ не ги реализираат доследно мерките на Владата.
„Не е само МВР кое не ги имплементира заклучоците на Владата. Дополнителната заменичка министерка во Министерството за финансии на пример не потпишува кредит од Светска банка во износ од 90 милиони евра, пари  кои се насочени кон најранливите, најсиромашните, невработените граѓани  и кон здравствениот систем“, додаде Царовска.
Во тој контекст таа објасни дека за државата е неопходно да има целосно функционални и институции со полн политички легитимитет. Затоа темата за изборите треба да се гледа малку пошироко.
„ Како сме сигурни дека утре или за три месеци нема да имаме иста или полоша ситуација. Ако ние велиме дека треба да има отворање на сите економски оператори, на рестораните, на хотелите, а и опозицијата промоворира домашен туризам, тогаш зошто не би можеле да направиме избори. Сите тие мерки за релаксирање на состојбата доаѓаа како препорака од здравствените експерти. До тој момент се гледаа индикации за релаксирање за економијата, да се врати во функција и со одредени протоколи да имаме едно навикнување на новиот начин на живеење. Ова кажува дека под одредени протоколи би можеле да фукционираме. Ако тоа сме го направиле зар не важно за оваа држава да имаме парламент кој ќе биде функционален и преку кој ќе се носат сите одлуки“, праша Царовска.