Пливачката федерација бара да се отворат базените за да не попуштат психички пливачите


Националната пливачка федерација на Македонија упати нов апел до надлежните државни и здравствени власти да ги отворат базените по укинувањето на рестрикциите  со образложение дека – во спротивно психички ќе попуштат пливачите.

Федерацијата посочува дека долготрајното отсуство на секојдневни навики и отсуство од природната средина психички влијаат кај сите, па затоа и подготвија протокол како да се отворат базените и на пливачите да им се дозволи повторно да пливаат.

-Спортистите се луѓе од навика на кои секој ден им е претходно испланиран со одредени временски сатници во кои самиот спортист вложува огромен психофизички напор. Сите наши пливачи ги почитуваа  пропишани мерки за спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 и како примерни граѓани вежбаа во домашни услови,но тоа вежбање не може да го замени тренингот во вода.Во светот веќе има неколку студии кои покажуваат дека пливањето и спортовите во вода се едни од најбезбедните.

Долготрајното отсуство од нивните секојдневни навики и отсуството од нивната “природна средина” може да влијае на психичкото здравје на пливачите. Отсуството на обврски и однапред познат распоред,секојдневните информации во врска со коронавирусот доведуваат до анксиозност,страв и паника кај пливачите.

Неколку релевантни спортски психолози на Балканот и во Македонија излегоа со свои студии за влијанието на мерките предложени од соодветните Влади врз менталното здравје на спортистите,исто така има и голем број на студии кои го објаснуваат влијанието на рестриктивните мерки. Таква студија е неодамна објавената во медицинското списание „The Lancet Psychiatry“ каде што наведуваат дека психолошките и социјалните ефекти на Ковид-19 се огромни и можат да влијаат на менталното здравје сега и во иднина. Воедно апелираме да се земе во предвид и влијанието на спортот за зголемување на имунитетот на децата.

Исто така Националната пливача федерациија веќе изготви план и протоколи за изведување на тренинзи и веќе се изготвени списоци на пливачи кои се поделени во групи. Групите ќе велгуваат на базените според однапред договорен временски термин и ќе почитуваат насоки на движење. Порадии сето горенаведено бараме во најбрзо време да ги отворите базните, се вели во апелот на Националната пливачка федерација.