Нема да се брза со отворање на градинките


Нема да се брза со донесувањето на одлука за отворање на градинките, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој планот за отворање на градинките е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика и оти тој ќе се спроведува паралелно со враќање на вработените на работните места.

„Во оваа ситуација нема да брзаме со отворање на градинките“, рече Филипче.

Министерот нагласи дека родителите на деца до 10 години и натаму се ослободени од работа, сѐ до донесување одлука за почеток на работа на градинките.