Филипче: Во Тетово масовно не се почитуваат мерките


Објавувајќи го денешниот билтен за состојбата со корона вирусот, министерот за здравство Венко Филипче посебно го нагласи масовното непочитување на мерките во Тетово и околните места. Од денешните 52 новозаразени девет се од Тетово, но таму се излекувани 10 лица. „Се направи надзор во Центарот за јавно здравје во Тетово и беше утврдено дека не се почитува самоизолација, не се почитуваат мерките за социјална дистанца, како во Тетово така и во околните места“.

Тој соопшти дека слична е ситуацијата и во Штип каде не се почитуваат правилата за транспорт на работниците и седењето на дистанца во автобусите. Во една конфекција се забележани  17 заболени и се следат 70 контакти.

Филипче како посебен проблем во последно време го нагласи и одбивање на пациентите да соработуваат со медицинските лица. Многу од пациентите не даваат информации ниту ги кажуваат своите адреси.