И за умрениот од ковид-19 семејството не давало податоци


Голем број од пациентите кои се заразени не ги даваат соодветните податоци за контактите за потоа да може да им се издадат решенија за самоизолација, а сето ова доведува до ширење на вирусот. Епидемиолозите наишле на многу сериозни проблеми со земање на податоците во општините каде има најмногу заболени, а проблем имале и во случајот со кои имаше починат на кого постмотрем му бил земен брис и му бил утврден ковид-19.

„Епидемиолозите имаат сериозен проблем посебно со земање на податоците , многу тешко се пристапило и до семејството кое одбивало контакти со епидемиолозите откако им било укажано дека починатиот е позитивен на ковид-19. Проблем имале и околу податоци на оние лица кои биле на погребот. Секаде каде што има проблеми Државниот санитарен инспекторат во известува МВР и треба да се постапи”, вели Филипче.

За снимките кои беа објавени, а на кои се гледа дека се прават журки по одредени кафеани кои вчера почнаа со работа, а кои беа отворени вчера со посебен протокол, Филипче посочи дека препораките се јасни и мерките мора да се почитуваат.

„За угостителските објекти, јасни се препораките, очигледно е дека многу граѓани не се свесни за сериозноста на болеста и си велат нема да ми се случи мене. Но, тоа не е така . Многу луѓе починаа и заболеа. Суштината е да се почитуваат мерките и само така да го вратиме животот во нормала”, одговори министерот Филипче на прес-конференција.

Министерот посочи дека личната одговорност има најголем удел во справување со ширењето на заразата, но тука е и здравствениот систем и МВР и ако еден потфрли, тогаш ништо нема да е исто.