Поддршка од 2.460.000 денари за 80 лиценцирани туристички водичи, одобри Владата


Владата на денешната седница донесе одлука да се одобрат 2.460.000  денари за 80 лиценцирани туристички водичи кои ги исполнија условите и критериумите утврдени во јавниот повик. Со оваа одлука на туристичките водичи ќе им биде исплатена еднократна финансиска поддршка во висина од 30.750 денари за надминување на последиците од ковид кризата опфатена во шестиот пакет […]

МЗ: Никој од пациентите заразени со делта сојот не е вакциниран


Ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран за Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. По направените анкети со пациентите, посочуваат од Министерството, утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. – Од вкупниот број позитивни пациенти, […]

МЗ: Сите вакцини се ефикасни и штитат од тешка форма на болеста и хоспитализација од делта сојот


 Апсолутно е неточно тврдењето кај дел од објавите и пренесените ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ не штити од делта сојот и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина, реагира Министерството за здравство. Нагласуваат дека нема ниту една студија или научен доказ што ова го потврдува. – Апелираме медиумите да […]

Ќе се формира Координативно тело за „Скопје – кандидат за Европска престолнина на културата“


Предлог-одлуката за формирање на Координативно тело „Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата“, денеска беше изгласана на Седницата на Град Скопје. Со оваа одлука се предлага формирање на специјално тело чија цел е координирање на активностите што произлегуваат од кандидатурата за оваа титула. Специјалното тело е составено од претседател заменик-претседател и 19 членови, […]

Дебата на НКЕУ-МК: Состојбата со корупцијата се уште сериозна, неказнивоста ја намалува довербата на граѓаните во институциите


Професионализацијата и интегритетот на државната администрација е од суштинско значење за спречување на појавите на корупција. Со самото членство во ЕУ корупцијата нема стопроцентно да се искорени, но затоа е важно јакнење на јавната свест дека со оваа појава е невозможно да се егзистира во едно општество. Непочитувањето на правилата на игра, односно кога не […]

Дигиталната писменост во државава се спроведува најчесто преку проекти


Дигиталната писменост во нашата држава се спроведува најчесто преку проекти или преку натпревари организирани од ИКТ приватниот сектор и коморите. Нема национален стратешки документ, ниту структуриран пристап за ова прашање, истакна д-р Ирена Бојаџиевска, доцент на Универзитет Американски колеџ во Скопје и автор на истражувањето на Извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на […]

Половина од општините немаат објавено информации за услугите што ги обезбедуваат


Постојниот квалитет на услуги кои ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) на веб-порталите не обезбедува ефективна и брза услуга за граѓаните, ниту пак еднаков третман, пристап и достапност за секој граѓанин и правно лице. Ова го утврдува Државниот завод за ревизија во објавениот конечен ревизорски извештај од извршената ревизија на информациските системи како Ревизија […]

Ново детско игралиште во Ново Лисиче


Општина Аеродром изгради уште едно детско игралиште во Ново Лисиче. И ова, како и сите претходно изградени нови и реконструирани детски игралишта, има современи и реквизити што ја развива детската фантазија, а што е уште поважно, тоа е обложено со лиена гумена подлога, која ги задоволува сите современи светски стандарди за безбедна игра на дечињата. […]

Регистрирани 16 нови случаи со Ковид-19, четворица оздравени, нема починати пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.873 тестирање, а регистрирани се 16 нови случаи со Ковид-19: Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1. Регистрирани се четири оздравени пациенти од кои двајца од Скопје и по еден од […]

МЗ: Вчера се аплицирани 14.818 вакцини


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 491.363граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 380.624 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.732 граѓани, а вчера вкупно се […]

До крајот на неделава треба да стигне лекот за пациентите со цистична фиброза


Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска треба да се знае кога ќе стигне лекот за пациентите со цистична фиброза и изрази надеж дека тоа ќе биде до крајот на неделава. -Вчера пробавме и во секторот за ретки болести да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Треба да стигне […]

Потврден четвртиот случај на делта сојот во државава, уште четири други суспектни


Во текот на вчерашниот ден потврден е четврти случај на заразен со делта сој на коронавирусот во нашата држава, а четири други лица се суспектни. Новорегистрираниот со индиската варијанта се лекува во болницата во Велес и е со лесна клиничка слика. Од четирите суспектни на делта сојот, едниот е во лоша здравствена состојба, приклучен на […]

МОН нема да го запре процесот на подготовка на дигиталните учебници, реформите почнуваат од септември


  Министерството за образование и наука и Владата продолжуваат со подготовката на дигиталните материјали за учење и покрај повлекувањето на предлог законот за учебници од собраниска процедура. Реформите ќе стартуваат според утврдениот план од септември во прво и четврто одделение. Ова го истакна министерката образование и наука Мила Царовска на гостување во Утрински брифинг на […]

Филипче: Почетокот на школската година ќе зависи од епидемилошката ситуација во земјава


Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава. -Во секој случај тоа што е најбитно е […]

До крајот на јули ќе се затвори „А1“ салата во „Борис Трајковски“ за вакцинација


Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека теренската вакцинација против Ковид-19 треба да почне од следната недела. -Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом, во зависност од бројот на жители во помалите места, во руралните места, начинот на кој ќе се искомуницира и ќе почне од почетокот на следната недела, рече […]

На ГАК во функција целосно реновирана ургентна амбулантна


На Клиниката за гинекологија и акушерство од денеска во функција е целосно реновираната ургентна амбулантна. По тој повод Клиниката денеска ја посети министерот за здравство Венко Филипче. – Оваа институција во целокупниот изминат период го менаџираше третманот на жените родилки кои беа позитивни на коронавирусот со целосно изолирани делови во делот на амбулантата и интензивното […]

Австрија: Цел Западен Балкан на „зелената“ листа за патување


Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат ставени на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија. Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија и Северна Македонија, како и Албанија, беа на „зелената“ […]

Реконструирани паркинзите во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“


Комплетно е реконстуриран и од утрово е пуштен во употреба паркинг просторот и пристапот до Клиниката за стоматологија, а направена е комплетна реорганизација на паркот околу Клиниката со нови клупи и зеленило, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Посочува дека заедно со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов направиле комплетна […]

Град Скопје ги заменува обичните со нови ЛЕД светилки, како дел од проектот „Паметен град“


 Град Скопје вчера започна со инсталација на ЛЕД светилки за улично осветлување на улица „Франклин Рузвелт“, на потегот од улицата „Васил Ѓоргов“ до Зоолошката градина, на кој ќе бидат поставени 43 светилки. Како што информира Град Скопје, поставувањето на ЛЕД светилките за улично осветлување на градските сообраќајници е дел од проектот „Паметен град“, што го […]