Маричиќ: Со процесот на филтрирање ќе се тргнат зачмаените судски предмети


Како Влада и како Министерство за правда не сме надлежни да постапуваме во случаи каде има наводно застарување или долго задржување на предмети во определен суд, но токму заради вакви појави треба многу сериозно да го сфатиме и спроведеме процесот на проверка на работата на судиите, рече министерот за правда Бојан Маричиќ  одговарајќи на новинарско …

Маричиќ: Со процесот на филтрирање ќе се тргнат зачмаените судски предмети Read More »

Почина пензионираниот генерал Бранко Дракалоски


По кратко боледување предизвикано од Ковид-19, на 60-годишна возраст почина бригадниот генерал во пензија Бранко Дракалски, соопштија Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 2015 година, бригадниот генерал Бранко Дракалски, има извршувано повеќе високи воени должности, а во период од 2009 – 2014 година беше и …

Почина пензионираниот генерал Бранко Дракалоски Read More »

Општина Центар урна нелегален ресторан на Водно


Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен и продолжи со акцијата за отстранување на нелегални објекти на територијата на општина Центар. Како што информираат општинските власти, станува збор за случај во кој инвеститорот „Вандербилт тенис клуб“ ДООЕЛ Скопје не постапил по решение издадено од општината за самостојно отстранување на градбата. „Со денешната активност е …

Општина Центар урна нелегален ресторан на Водно Read More »

Владата нема да се спогодува со тужителите за прислушкувањето, ќе бара докажување на случаите низ правна постапка


Владата нема да ја искористи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата во врска со деветте предмети кои се однесуваат на тековните кривични постапки за незаконското прислушување. Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината, а оние што евентуално сториле криминал или ги прекршиле законите, треба да одговарат за своите дела. Не сакаме и …

Владата нема да се спогодува со тужителите за прислушкувањето, ќе бара докажување на случаите низ правна постапка Read More »

Караџовски: Прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања


 Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека не може да се забранat прослави, но оти прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките. – Патувањата не се лимитирани. Прославата на Нова година доколку е одговорна, може да се направи во било кој …

Караџовски: Прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања Read More »

Заев: Новогодишната ноќ ќе ја прославам во мојот дом со семејството


Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција на која што информираше дека Владата ги усвои предложените мерки од Комисијата за заразни болести, изјави дека новогодишната ноќ ќе ја прослави во својот дом, заедно со неговото поблиско семејство. – Лично јас ќе бидам во мојот дом, заедно со сопругата и со двете деца. На влада исто укажавме, …

Заев: Новогодишната ноќ ќе ја прославам во мојот дом со семејството Read More »

Филипче: Децата и лицата кои прележале КОВИД-19, засега, нема да се вакцинираат


Засега не се препорачува вакцинирање на деца, а се смета дека и луѓето кои што го прележале КОВИД-19 и имаат антитела, се доволно заштитени и не треба да бидат во групата за вакцинација. Ова денес го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференцијата на која беа објавени новите рестриктивни …

Филипче: Децата и лицата кои прележале КОВИД-19, засега, нема да се вакцинираат Read More »

Вакцините ќе стигнат во март, најави министерот Филипче


Најавите преку Ковакс системот е дека вакцините против КОВИД-19 ќе ги добиеме во месец март, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Според неговите информации таква е ситуацијата и во другите земји во регионот кои набавките ги вршат преку овој механизам. „Во разговор со грчкиот министер за здравство, тој …

Вакцините ќе стигнат во март, најави министерот Филипче Read More »

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, забранети прославите


Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, а забранети се и прославите во периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. „Ситуацијата налага акција и ние како одговорна влада ги преземаме овие рестриктивни мерки за време на …

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, забранети прославите Read More »

Комерцијална банка донираше две амбулантни возила за полесно справување со КОВИД-19 (фото)


За потребите на здравствениот систем во борбата против КОВИД-19 денеска се донирани две амбулантни возила кои ќе бидат наменети за Здравствениот дом во Скопје и за Општата болница во Охрид. Донацијата е од Комерцијална банка во вредност од 336 илјади евра, а покрај возилата, вклучува и кислородни концентратори и околу 7..000 тестови. – Комерцијална банка …

Комерцијална банка донираше две амбулантни возила за полесно справување со КОВИД-19 (фото) Read More »

Филипче: Ако угостителските објекти работат подоцна, поголем е ризикот за ширење на вирусот


Мерката за затворање на угостителските објекти околу новогодишните и божиќните празници е со цел да нема поголеми групирања, а со тоа и ризик за пренесување на корона вирусот. – Периодот што следува има поводи за масовни собири во угостителски објекти и нивна повеќечасовна работа по завршување на работното време на граѓаните е поголем ризик за …

Филипче: Ако угостителските објекти работат подоцна, поголем е ризикот за ширење на вирусот Read More »

МО ги презеде сите мерки за безбедно уништување на бомбите пронајдени во Битола, без загадување на животната средина


На Криволак денеска започнува уништувањето на бомбите од Првата светска војна, пронајдени во Битола, а прелиминарна проценка на емисиите на суспендирани честички од детонирање на експлозии, од лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот Гоце Делчев од Штип, по барање на Министерството за одбрана покажала дека детонациите нема да предизвикаат промена во квалитетот на воздухот во пошироката околина на …

МО ги презеде сите мерки за безбедно уништување на бомбите пронајдени во Битола, без загадување на животната средина Read More »

Општинскиот кризен штаб во Пехчево со нови мерки за заштита пред новогодишните празници


Општинскиот кризен штаб во Пехчево донесе нови мерки за заштита од Ковид-19 во пресрет на новогодишните празници.  Зајакнатите полициски контроли во градот се меѓу позначајните мерки кои ќе бидат преземени за да се спречи групирање околу празниците, информираа од Кризниот штаб.   – Кризниот штаб на општина Пехчево ја разгедуваше досегашната ситуација со пандемијата заради …

Општинскиот кризен штаб во Пехчево со нови мерки за заштита пред новогодишните празници Read More »

Во последните 24 часа во Скопје во болница се примени 43 нови пациенти со Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за …

Во последните 24 часа во Скопје во болница се примени 43 нови пациенти со Ковид-19 Read More »

Филипче: Грција од првата пратка Ковид-вакцини, дел ќе издвои и за нас


Министерството за здравство преговара по три механзими да набави над 800.000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја.   -Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот министер за здравство, кој после …

Филипче: Грција од првата пратка Ковид-вакцини, дел ќе издвои и за нас Read More »

Бројот на Скопјани кои користат велосипед се зголемил во корона кризата


Локалните и државни власти итно да преземат похрабри мерки во делот на јавниот превоз и да овозможат подобри услови за користење на алтернативните средства за превоз бидејќи граѓаните се свесни за значењето на велосипедот. Ова е заклучокот од онлајн анкетата што граѓанските организации „НаТочак“ и „Одржливи иницијативи“ ја спроведоа во ноември врз 1615 учесници во градскиот …

Бројот на Скопјани кои користат велосипед се зголемил во корона кризата Read More »

Шефот на дипломатијата Османи во посета на Чешка


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Чешка, како дел од дипломатската турнеја низ земјите од поширокото соседство на Западниот Балкан, во чии рамки во наредните денови ќе ги посети и Романија, Унгарија и Австрија. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, посетите на Османи на овие земји доаѓаат веднаш по …

Шефот на дипломатијата Османи во посета на Чешка Read More »

Пакетот рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести на седница на Владата


Владата денеска на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и на Главниот штаб. Комисијата за заразни болести реши да и препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на …

Пакетот рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести на седница на Владата Read More »

Сто дена Влада: Стабилен Буџет и нови инвестиции и најави за заштита на животната средина, спроведување попис и 34.000 денари просечна плата


Премиерот Зоран Заев даде отчет за сработеното за сто дена Влада, при што, меѓу другото, се осврна на материјалната помош дадена за граѓаните и стопанството за време на ковид-кризата, новите инвестиции во земјата, адаптацијата на образованието и неселективното владеење на правото, со ветување за борба за заштита на животната средина, одржување на попис и оддамна …

Сто дена Влада: Стабилен Буџет и нови инвестиции и најави за заштита на животната средина, спроведување попис и 34.000 денари просечна плата Read More »