Облачно и посвежо и во наредните денови


Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со слаб до умерен ветер од северен правец. Утре ќе има повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови од земјава, соопшти УХМР. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштат до минус осум, а дневните од четврток во благ […]

Метаморфозис: Реализирани девет од 45 планирани активности во Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност


Во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис спроведе проценка на нивото на спроведување на Стратегијата за транспарентност (2019-2021) со Акциски план усвоена од Владата во ноември 2019 година. Заклучокот на Фондацијата е дека спроведувањето на Стратегијата, која е насочена кон унапредување на амбиентот за транспарентност и доверба во работата на институциите, стагнира најголем дел […]

Опожарени три контејнери во текот на викендот


Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери биле со зафатнина од 3,2 м3 и сите се целосно уништени и неупотребливи, информираа од „Комунална хигиена“. Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка -10. Во Маврови Анови се измерени – 6, Крушево -5, Берово -3, Крива Паланка, Претор, Дебар -2 , во Охрид и  Прилеп – 1, а 0 степени во Битола, Виница и Куманово. На останатите места е секаде над нулата, а максимални 4 степени се измерени […]

Сообраќајот по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез […]

Одбележување на Денот на ретки болести


Настан за одбележување на Денот на ретки болести ќе се одржи денеска напладне во Скопје. Организатор е Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Во рамки на настанот, кој ќе биде пренесуван и онлајн, ќе биде промовирана нова поштенска марка посветена на ретката болест Епидермолизис булоса. – Заедно здружени, претставници на пациенти од […]

Облачно со врнежи од снег и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локални врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 степени до 0, а максималните од -1 до 9 степени. Од УХМР најавуваат дека во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со […]

Се евакуираат македонски граѓани од Украина, обезбеден коридор од Одеса, се бараат нови конвои за евакуација


Македонски граѓани кои се уште се наоѓаат во Украина се евакуираат преку безбедни коридори. Од Министерството за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се уште не оставиле свои податоци, веднаш да се јават на телефонскиот број +389 75 273 732, кој е постојано активен и да остават прецизни податоци за нивната локација и состојба. […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 28 февруари 2022 година, 59-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 306 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 13 минути, а ќе зајде во 17 часот и 21 минута. Денов трае 11 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Ковачевски од Лондон: Дијаспората е силен промотор на Северна Македонија во Обединетото Кралство


Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на работниот дел од посетата на Лондон за учество на Инвестицискиот Самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), оствари средба со македонски граѓани и истакнати професионалци кои живеат и работат во Обединетото Кралство. Премиерот Ковачевски и амбасадорката на Северна Македонија во Обединетото Кралство Александра Миовска […]

Бројот на починати од Ковид-19 надмина 9.000 лица, регистрирани нови седум смртни случаи и 378 позитивни


Од почетокот на пандемијата во земјава се регистрирани 297.081 случај на Ковид-19. Оздравени се 283.908, а починати 9.001 лице, соопштија од Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 378 случаи на Ковид-19 од направени 2.560 тестирања. Од нив, 58 се реинфекции. Министерството за здравство регистрира седум починати пациенти, сите со коморбидитети. Оздравени се […]

Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно


Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, објави попладневи министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.   -Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош, пишува […]

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир


 Се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир, соопшти АМСМ. Забраната е воведена поради интензивни врнежи од снег.

Земјотрес од 3,8 степени според Рихтер во близина на Битола


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, регистрира земјотрес во 14 часот и 1 минута со Рихтерова магнитуда 3,8 чиј епицентар се наоѓа на 125km јужно од Скопје на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин. Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје […]

Бугарскиот генерален конзулат во Одеса им помага на Македонците да ја напуштат Украина


Збраната за сообраќај во југозападниот дел на Украина денеска е укината. Од Одеса кон Бугарија ќе тргнат два автобуси со вкупно 110 бугарски државјани. Обезбедена е полициска придружба. Покрај бугарските државјани, генералниот конзулат на Бугарија во Одеса помага и за депортирање на украински државјани од друга националност, меѓу кои и Македонци, Грци и Италијанци. Нова […]

Македонија го забрани небото за руски авиони


Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација. Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои […]

МНР: Сѐ уште има активни коридори за евакуација за нашите државјани во Украина


Две семејства со наши државјани од Одеса, Украина веќе се дел од коридорот обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија и очекуваме во текот на денот да пристигнат во Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи. Во контекст на истата соработка, од МНР упатуваат апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, […]

Укината забраната за тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичевo преку Стража


Во 11:10 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичевo преку планинскиот превој Стража. Од АСМС информираат дека денеска од 10:35 часот укината е и забрана за движење на ТМВ на патниот правец Охрид – Кичево, превој Пресека и обратно. Посочуваат дека од 00:40 часот поради врнежи […]

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на Ѓавато, Стража, Пресека, Маврово-Дебар


Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на повисоките места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Воведени се неколку забрани за сообраќај на тешки товарни возила. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена од […]

Зимата се врати – облачно со дожд, а на планините и повисоките места снег


Облачно со врнежи од дожд вдолж пошироко Повардарие, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. До крајот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]