Обезбедена евакуација на македонски граѓани во Одеса, се прават напори за Харков и Киев


Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со партнерски земји е обезбеден транспорт за евакуација на наши државјани кои се наоѓаат во Одеса, Украина. – Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат Министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски […]

Извонредниот новинар Слободан Петровиќ почина на 78 години


  Македонското журналистичко друштво остана денеска без еден од неговите извонредни членови – Слободан Петровиќ – Цобе почина на 78 години. Петровиќ беше заљубеник во две нешта во неговиот живот – во новинарството и планините. Во новинарството остави огромен белег како уредник на „Екран“ и „Пулс“, а во планините беше еден од најпосветените агитатори за […]

Гордана Богеска нова претседателка на Комората на медијатори


Гордана Богеска е новиот претседател на Комората на медијатори. Таа ќе биде на чело на Комората во следните две години.   Богеска, како што соопшти Комората на медијатори, е избрана на денешното изборно собрание со мнозинство гласови.   Комората во претходниот период во два мандата ја водеше Славе Младеновски, кој по изборот на Богеска, истакна […]

Инспекциски надзори за наплата на комуналните такси и данок на имот во Скопје


Екипи од Одделението за даночна инспекција, како и за инспекција за наплата на комунални и други такси при Инспекторатот на Град Скопје, продолжуваат со редовни контроли и надзор врз наплатата на таксата за правните и физичките лица. Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат […]

Македонскиот фудбалер Ѓоко Зајков по 48 часа патување ја напушти Украина


  Фудбалерот и македонски репрезентативец Ѓоко Зајков по 48 часа пат од градот Полтава на исток од Украина вечерва ја напушти земјата зафатена со војна преку Унгарија. Зајков потпиша да игра во клубот од Полтава. Зајков со неговата сопруга и малиот син патуваа од едниот крај на Украина на другиот со автомобил до граничниот премин […]

Бислимоски: Рационално да се трошат енергенсите, не верувам дека ќе се стопира испораката на гас


Мора како општество да научиме внимателно да ги трошиме енергенсите. И електричната енергија и нафтените деривати мора да се користат рационално, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги Марко Бислимоски. – Сите фјучерси на енергенсите се зголемени за четири пати. Светлото од тунелот не се гледа. Затоа мора како општество да […]

Нови 473 случаи на Ковид-19, починати 13 лица, шест во изминатото деноноќие


Нови 473 случаи на Ковид -19 од направени 3.146 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Од вкупниот број нови случаи, 74 се реинфекции. Починати се вкупно 13 лица од кои шест во изминатото деноноќие. Кај 11 од починатите се регистрирани коморбидитети.   Според податоците објавени од Министерството за здравство, најголем број нови случаи има […]

Војната во Украина ќе влијае врз туризмот, хотелите на охридско-струшката ривиера подготвени да прифатат бегалци


Руско-украинската војна ќе влијае негативно врз туризмот во земјава. Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажевски смета дека воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија и од околните […]

УХМР со предупредување: Обилни врнежи од дожд и снег


Од денес вечер, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи (понекаде до 20 л/24ч) ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. До понеделник снежната покривка на планините […]

Синдикатите на полицијата и Армијата со протест пред Владата побараа усогласување на платите со минималната


Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ. Тие најавија дека доколку не […]

Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски


Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Во рамките на пригодните активности на Владата во знак на одбележување на 18-годишнината од авионската несреќа […]

Нашите дипломати од Украина се евакуирани преку безбедносен коридор


Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира денеска дека пред половина час успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија. – Ситуацијата, посебно во текот на ноќта во Киев е влошена,. Ние одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија […]

„Водовод и канализација“ ќе произведува еко-електрична енергија преку фотоволтаични централи


Со првенствена цел, заштита на животната средина, но и имплементација на иновативни технологии, како и можност за заштеда на финансиски средства, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, ја отвора можноста за производство на еко-енергија преку фотоволтаици. За оваа цел, како што појаснија од „Водовод и канализација“ – Скопје, бил направен првиот чекор, измена на […]

Две години од првиот регистриран случај со Ковид-19 во земјава


Две години откако во земјава беше регистриран првиот случај на Ковид-19. Денес, вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во земјава е 296.229 лица. Битката со вирусот ја изгубија 8.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.644. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 517 нови случаи од направени 2.669 тестови. Починати се […]

Сончево со облачност и локален дожд


Времето претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а во западните делови ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб […]

Сали посакува да удри темел на нов Клинички центар


Итна е потребата од нов Клинички центар, не поради изгледот, колку поради функционалноста. На македонското здравство му треба нова организација и нов објект, смета министерот за здравство Беким Сали. – Според првичните анализи кои што јас ги имам направено, поуспешно и подобро поминуваат клиниките кои што се интегрирани. На македонското здравство му треба нова организација […]

Црвениот крст на Македонија отвори сметки за донации за Украина


Црвениот крст на а Македонија се вклучи кон апелот објавен од страна на Украинскиот црвен крст за помош на населението во Украина. Целта на овој апел е да се обезбеди финансиска помош за населението во земјата. Црвениот крст на РСМ како солидарна помош за настраданото население на Украина донира  10.000 евра. Сите заинтересираните правни субјекти […]

Со пари од Јапонија Желино купува ровокопач


Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Савада Хиронори во Желино потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од градоначалникот на Желино, Блерим Сејди, а учествуваа Н.Е. Амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада заедно со директорот […]

Охридскиот чаршиски еснаф бара можност за работа во недела


Чаршискиот еснаф во Охрид со поддршка на угостителите, хотелиерите и Општина Охрид бараат недела да биде работен во туристичката сезона, но и во продолжените викенди преку цела година. Тврдат дека со законското решение, со кое од 1 јануари недела е не работен ден, трпи бизнисот, а губи и туризмот во градот. За проблемот со кој […]

Нови 517 случаи со Ковид-19, вкупно 13 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на Ковид,-19, девет починати  (дополнително од Мој термин уште четири) и 1.022 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболните 517 случаи од Скопје се 261, Битола – 31, Кавадарци – 24, Прилеп и […]