Колони возила од Грција чекаат на граница за влез во земјава


Фото: Б. Грданоски

Колони возила чекаат на грчко-македонскиот граничен премин за влез во земјава.

Граѓаните кои продолжениот празничен викенд го поминаа во Грција се жалат дека со часови чекаат на преминот од грчката страна, додека според последниот извештај на АМСМ, на граничниот премин Богородица, за влез во Македонија, има чекање од околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Грција претходно ги укина ковид-сертификатите за влез во земјата.