За три дена нови 210 случаи со ковид, нема починати


Во последните три дена, од 30 април до 2 мај 2022, регистрирани се 210 нови случани со Ковид-19 од направени се 4.620 тестови. Има 140 оздравени пациенти, а нема пријавено починати лица.

Како што информира Министерството за здравство, од 210 нови случаи на Ковид-19, најмногу се во Скопје –85, Битола – 51, Прилеп – 14, Кавадарци – 8, Охрид и Штип – по 7, Струмица – 6, Гостивар, Делчево и Берово – по 4, Куманово, Тетово, Велес и Кичево – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Струга, Неготино, Пробиштип и Кратово по еден случај.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.769, починале 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 624. Во 10 градови нема активни случаи, а најмногу заболени, 283, има во Скопје.