Пендаровски и владина делегација оддадоа почит на гробот на Гоце Делчев


Претседателот Стево Пендаровски се поклони денеска на гробот на Гоце Делчев, со што му оддаде почиот на големиот македонски херој. 
 
– Гоце Делчев својот живот го подари на највисоката кауза за национална и социјална слобода и со право претставува стожер врз кој ја градиме македонската државност и самобитност.
Слава му! – порача претседателот.

 

Исто така, делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, заедно со министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, денеска со положување на свежо цвеќе оддадоа почит на великанот Гоце Делчев на неговото вечното почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.