Филипче: Ако угостителските објекти работат подоцна, поголем е ризикот за ширење на вирусот


Фото: Б. Грданоски

Мерката за затворање на угостителските објекти околу новогодишните и божиќните празници е со цел да нема поголеми групирања, а со тоа и ризик за пренесување на корона вирусот.

– Периодот што следува има поводи за масовни собири во угостителски објекти и нивна повеќечасовна работа по завршување на работното време на граѓаните е поголем ризик за ширење на корона вирусот, рече министерот за здравство Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање да даде образложение на една од новопредложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести, при денешната донација на две амбулантни возила.

– Сметаме дека работното време до 18 часот, со почитување на постоечките протоколи за време на нивната работа, нема да биде дополнителен ризик. Но, повеќе часови по крај на работното време сметаме дека се ризик, рече Филипче.