Филипче: Грција од првата пратка Ковид-вакцини, дел ќе издвои и за нас


Министерството за здравство преговара по три механзими да набави над 800.000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја.
 
-Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот министер за здравство, кој после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, што ќе стигне во Атина за нивното население, една количина ќе издвојат и за нас. Практично ги користиме сите инструменти, вклучувајќи го и Ковакс механизмот што ни беше прв на располагање и секако преку овие директни договори на останатите земји членки на ЕУ да обезбедиме одредена количина вакцини и за нас, рече министерот за здравство Венко Филипче, во вчерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.
 
Тој појасни дека минатата недела бил платен авасот за вакцината против Ковид 19, со што била обезбедена обезбедивме дека ќе ја исплатиме целата сума за набавка на 833.000 вакцини, за околу 400.000 граѓани.
 
-Освен оваа набака преку Ковакс механизмот, остварен е и директен контакт со Фајзер и Астра Зенека. Третиот механизам е преку Европската Унија, таа нарача 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата. Ние аплицираме за 800.000 дози и од овие 100 милиони дози. Вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани, велат од Министерството за здравство.