Влада: При изведбата на македонската химна беше направена ненамерна грешка


Во врска со интонирањето на македонската химна вчера во Американската амбасада во Скопје од страна на Тамара Тодевска во која беа изоставени стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански од Владата со реакција дека станува збор за ненамерна грешка. „Владата го честита националниот празник Ден на независноста на […]

Викендов привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“


Градските власти информираат дека поради изведување комплексни градежни активности в сабота и в недела на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен привремен сообраќен режим. – В сабота поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на […]

Армијата побрзо доби нов врховен командант отколку име


Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски и началникот на Генералштабот на армијата Васко Ѓурчиновски ќе пристигнат денеска на јужната граница, во посета на нашите војници, откако парламентот минатата седмица ја продолжи за дополнителни шест месеци кризната состојба поради зголемено транзитирање на мигранти. Во оваа одлука, која Собранието ја усвои по предлог на Владата, македонската армија […]

(ВИДЕО) Тамара ја отпеа македонската химна во Амбасадата на САД без Гоце Делчев


На синоќешната прослава на националниот празник 4 јули – Денот на независноста на САД во американската амбасада во Скопје, покрај онаа на земјата-славеник, беше изведувана и химната на Македонија, но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои. Тамара Тодевска во својот настап, засега од необјасниви причини, го испушти тој дел […]

Шилегов ќе го менува изгледот на центарот во Скопје


Шаренолики се фасадите на зградите во централното градско подрачје, особено околу плоштадот „Македонија“, по улицата „Македонија“, како и другите краци што излегуваат од плоштадот. Со проектот „Скопје 2014“ многу од зградите во центарот на Скопје беа преслечени во нови, но сепак барокни фасади, изработени од стиропор. Со смената на власта, се смени и тактиката, па […]

Во Скопје казнети 58 возачи за брзо возење, пајакот отстранил 70 возила


Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле три лица, а во три била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 58 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, […]

Владина делегација на самитот за Западен Балкан во Познањ


Во полскиот град Познањ денеска продолжува шестиот самит на земјите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес за поддршка на регионалната соработка и евроинтеграциите. Во фокусот на самитот на кој ќе учествува и владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, ќе бидат регионалната соработка, поврзувањето, мобилноста, начините за надминување на постоечките предизвици и растот […]

Колку се почитуваат препораките за работа на отворено


Летото е период кога честопати поради високите температури и зголеменото УВ зрачење се препорачува да не се излегува на отворено од 11 до 17 часот, да се конзумира многу вода и лесна храна и да се престојува во климатизирани простории. Поради топлотниот бран што ја зафати нашата држава, прогласена е жолта алертна фаза во која […]

Пендаровски и Ѓурчиновски во посета на јужната граница


Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски придружуван од началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ќе ги посетат припадниците на Армијата ангажирани на јужната граница. Претседателот Пендаровски ќе го обиколи транзитниот центар за мигранти во Гевгелија, каде од одговорните субјекти ќе се запознае со моменталната состојба […]

Рашковски не им ги земал телефоните на гостите: Во Владата секој можел да снима


На гостите што доаѓаат на состаноци кај генералниот секретар на Владата никогаш не им биле одземани телефоните, па секој можел да си прави „риалити шоу“ од оваа институција. Ова е поентата на одговорот што го добивме од Владата на прашањето дали на гостите што доаѓаат на средба конкретно кај генералниот секретар на Владата Драги Рашковски […]

Швајцер Блум: Со нетрпение Ве очекуваме во НАТО и да ги почнете преговорите со ЕУ


Повеќе од 25 години граѓаните на Северна Македонија сакаат да ја видат земјата како го зазема своето место во западните институции. Таа желба ќе стане реалност оваа година. САД со нетрпение очекуваат во наредните месеци да и пожелат добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО, а ние исто така силно го поддржуваме и […]

Мицкоски: Потребни се предвремени избори, државата оди во погрешна насока


ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвена за предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена жестоко да го порази Зоран Заев и СДСМ на парламентарни избори, без разлика дали се предвремени или се редовни. Добро е да имаме предвремени парламентарни избори зошто државата оди во погрешна насока, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа. […]

Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер


Попладнево во северозападните и источните делови, како и во Пелагонија, има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на вечерта времето ќе биде умерено облачно и топло со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Како што соопшти УХМР, поради големата енергија во атмосферата […]

Судиите ќе се спасуваат преку Врховен?


Иницијативата што ја поднесоа двајца адвокати, Анита Бегова и Ѓоко Шајн, до Врховниот суд ја отвори дилемата дали по барањата за утврдување одговорност за судиите пред Судскиот совет ќе се одлучува според стариот или новиот Закон за судови. Со новиот закон се отвора можноста судиите за кои е поднесено барање за утврдување одговорност, односно за […]

Повлечена кривична пријава за Канческа – Милевска


Иако финансиската полиција утврдила дека поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, нејзиниот заменик и раководителот на Секторот за финансиски прашања му нанеле штета на буџетот од 2,7 милиони евра, Обвинителството ја отфлри кривичната пријава против Канческа – Милевска. Финансиската полиција утврдила дека осомничените примиле фактури од странската фирма „Светлост театар“ Белград, која не […]

Пајат: Бев на Халкидики, но не се сретнав со Заев


Не се сретнав со Зоран Заев, така што не верувајте на се што ќе видите во медиумите, вели амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат во интервјуто за грчката новинска агенција АНА – МПА, во однос на шпекулациите што се појавија во дел од медиумите во Грција за негова наводна средба на Халкидики со македонскиот […]

Зарчев: Независна и стручна комисија да одлучува за дивоградбите во Охридскиот регион


Потребно е да се формира посебна стручна комисија, која ќе биде политички независна и ќе интервенира што може да се поправи за да се зачува статусот на Охридскиот регион како заштитено подрачје во УНЕСКО, смета архитектот Димитар Зарчев. Најпрво, вели, треба да се пристапи кон старото градско јадро и да се види што може да […]

Заев: Мојата намера е да ги носам крупните одлуки во финансиите од кои бенефит ќе имаат граѓаните


Премиерот Зоран Заев кој времено треба да ја преземе функцијата министер за финансии до назначувањето на нов министер, денеска изјави дека неговата намера е да ја делигира надлежноста и да ги носи крупните одлуки од кои бенефит треба да имаат граѓаните. – Мојата намера е да ги носам крупните одлуки од кои бенефит ќе имаат граѓаните. […]

Почна реконструкцијата на улицата „Московска“ во Карпош


Екипите на Градот Скопје денеска  ја започнаа реконструкцијата на коловозот на улицата „Московска“ во општина Карпош, а увид во градежните работи на оваа делница извршија градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и  градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. -Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на инфраструктурата под надлежност на Градот. Денеска сме на улицата „Московска“, каде што […]

Ветинг – Се тресат оние што треба да нè штитат


Најавите за ветинг или т.н. прочистување во МВР, во кое јавна тајна е дека постојат криминални гнезда, очекувано предизвикаа вознемиреност меѓу вработените, но и во редовите на опозицијата која обвинува дека станува збор за политичка пресметка со професионалци. Според експертите, овој радикален реформски процес е пред сè во интерес на заштита на граѓаните бидејќи институциите […]