Ахмети свика седница на Централното партиско претседателство


ДУИ денеска во седиштето во Мала Речица ќе одржи седница на Централното претседателство на партијата.

Седницата на која ќе се разгледува актуелната политичка состојба во земјава, како и внатрепартиската организација на партијата пред оддржување на изборниот Конгрес на ДУИ, ја свикал претседателот на партијата Али Ахмети.