Општинскиот кризен штаб во Пехчево со нови мерки за заштита пред новогодишните празници


Општинскиот кризен штаб во Пехчево донесе нови мерки за заштита од Ковид-19 во пресрет на новогодишните празници.  Зајакнатите полициски контроли во градот се меѓу позначајните мерки кои ќе бидат преземени за да се спречи групирање околу празниците, информираа од Кризниот штаб.
 
– Кризниот штаб на општина Пехчево ја разгедуваше досегашната ситуација со пандемијата заради што се донесоа и низа мерки како препорака до населението во пресрет на Нова година и божиќните празници. Полициските контроли ќе бидат интезивирани на ниво на цела општина, особено во туристичката населба Равна Река. За сите непримерни ситуации кои ќе бидат забележани ќе се сноси одговорност, информираат од Кризниот штаб
 
Поради ова, а со цел избегнување казни, апелираа до граѓаните да се придржуваат кон мерките на Владата.
 
 -Покрај горенаведеното, во наредниот период ќе продолжиме со дезинфекција на јавни и административни објекти. Уште еднаш апелираме граѓаните да носат маски, да запазуваат растојание и да не се групираат во голем број, додадоа од Кризниот штаб.
 
Во Пехчево во моментот има 23 активни случаи со Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата регистрирани се 123 случаи кај кои е утврдено присуство на корона вирусот.