Јаневска: ВИ е дел од образованието, но улогата на наставниот кадар е незаменлива


Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е таа да се запре, туку човекот да го има последниот збор. Во образованието, наша задача е да поставиме рамки и начини на нејзина употреба. Нив ги определуваме со Националната стратегијата за образование 2026–2032 и повеќе други документи, со кои целиме кон создавање дигитално […]

Од недела ќе функционираат семафорите на булевар „Македонија“


Од недела, екипи на ЈП”Улици и патишта”-Скопје ќе ги пуштат во функција новите семафори на крстосниците помеѓу булевар „Македонија” со улица „11 Октомври” и улица „Пролет” и на крстосницата булевар „Македонија” со булевар „Борис Трајковски”. На семафорите ќе ни биде воведен нов траен сообраќаен режим за сообраќај, што подразбира воведување на нови светлосни сигнали и […]

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради Задушница – доколку биде потребно ќе биде воведен и во сабота и недела


Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во […]

Обвинителството изведе докази за фирмите и управителите поврзани со „Пулс“


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази за правното лице – правните субјекти Класик ДМ ДОО Кочани и ММММ ДООЕЛ Кочани и подружниците Кабаре Пулс и Клуб Пулс – […]

Ново правило на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот: За сѐ да се прашува Мицкоски!


  Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ измислија нова форма на пратенички прашања според која опозициските пратеници за сѐ треба да го прашуваат премиерот Христијан Мицкоски, место  министрите. На собраниската седница за пратенички прашања првпат се случи пратеничка од власта да ги повтори истите прашања од пратеник од опозицијата – само за да овозможи премиерот да одговори. Имено, […]

Во петок и сабота – стабилно, од недела повторно поројни дождови попладне


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Времето во следните денови: Во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Ќе […]

Авионско прскање против комарци во Скопје на 1 и 2 јуни


Во Скопје во понеделник и вторник ќе се врши прскање против комарци, како дел од редовните активности за дезинсекција на подрачјето на градот. Акцијата е најавена во период кога поради потоплото време и зголемената влажност се создаваат услови за поголемо присуство на комарци во урбаните и зелените површини. Граѓаните се информираат дека третирањето ќе се […]

За Духовден автобусите во Скопје ќе возат по неделен возен ред


По повод Духовден, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на дел од линиите што ќе возат по делничен распоред. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира патниците дека утре, по повод верскиот празник Духовден, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 47а, 51, 55, 55в, […]

Извештај на ФЗО: Стабилен раст на бројот на пациенти и постепено зајакнување на здравствените капацитети


 Аналитичкиот извештај за болничкото лекување 2023–2025 година на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (ФЗОРСМ) покажува стабилен раст на бројот на пациенти, зголемени буџети и постепено зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, истакнаа на денешната прес-конференција директорот на ФЗОРСМ Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими. Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што […]

Герасимовски на терен со деканот на Градежниот факултет: Се затрупува и обезбедува градилиштето на ,,Теодосиј Гологанов”


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен […]

Од октомври студентите повторно ќе се вселуваат во студентскиот дом „Стив Наумов“


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда, при што најави дека студентите ќе можат да се сместуваат од почетокот на новата академска година, во октомври. Според Јаневска, реконструкцијата на државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ се одвива […]

Судијата Ристов се чувствува невин, судењето било „холивудско сценарио“


Не се чувствувам виновен ниту за првото, нити за второто кривично дело со оглед на правната квалификација, беше изјавата денес на поранешниот судија од Апелација, Ѓоко Ристов, кој е суспендиран откако Обвинителството му најде пари заѕидани во цигли во кујната во куќата на неговиот дом во Неготино. Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведниот говор порача […]

Документи за сопственоста и доградбите на „Пулс“ се презентираа на денешното рочиште


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала […]

Светски ден без тутун: Алиу најави поголема достапност на терапии за одвикнување


Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2026 година, најави нови активности за зајакнување на системот за поддршка на граѓаните кои сакаат да се откажат од пушењето. На заедничката прес-конференција со Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје и други партнери, Алиу посочи дека годинашното мото е насочено кон […]

Герасимовски за паркирањето: Недозволиво е на еден стан да има четири возила


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со […]

Жена изгоре во пожар во куќата во Пинтија


Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Пожарот бил пријавен по полноќ. Причината засега останува непозната. – На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, треба да се изведуваат материјални докази од Обвинителството


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, […]

Шара повторно ќе обедини илјадници планинари: ПК „Љуботен“ го организира 44-тото традиционално искачување на Титов Врв


Повеќе од илјада планинари од Македонија и регионот викендов, на 31 мај, се очекува да бидат дел од 44-тото традиционално искачување на Титов Врв, кое и оваа година го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, продолжувајќи една од најзначајните и најмасовни планинарски традиции во земјава. Настанот, кој со децении претставува симбол на заедништво, љубов кон […]

Одбележување на Светскиот ден на Мултиплекс склероза


По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на […]

Презентација на истражување за менструалната сиромаштија во Македонија


По повод 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната правда ќе се одржи настан на кој Новинари за човекови права ќе го презентираат своето најново истражување за менструалната сиромаштија во Македонија, како и ќе го промовираат менструалниот пакет за прва менструална помош. Настанот, како што велат организаторите, има за цел да отвори дискусија за предизвиците […]