ЈП „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом
П „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом – соопштуваат од претпријатието.
Во рамките на кампањата, со наслов „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, социјализирани и подготвени за удомување.
– Во наредниот период јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави, во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни – колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом – соопштуваат од „Лајка“.
Од таму дополнуваат дека кучињата, кои се дел од кампањата, со години се под грижа на ЈП „Лајка“.
– Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Многу од нив учествуваа во многубројни прошетки и активности, каде што покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство – дополнуваат од таму.