Лекот „Фостер“ останува на рецепт, без доплата
Инаку, цената на „фостер“ од 300 скокна на 1.081 денар, по што реагираа пацинетите кои го користат за да можат полесно да дишат.
Додека од Министерството за здравство преговараа со производителот за висината на доплатата, им порачаа на пациентите дека може да изберат друг лек, без доплата.
„Министерството за здравство информира дека лекот ФОСТЕР е достапен за пациентите и на позитивната листа на лекови, каде што утврдувањето на надоместокот (референтната цена) што се покрива од страна на државата ја определува ФЗО. Со последното усогласување на цената на овој лек што се надоместува како доплата од а пациентите, а е направено во месец јуни 2026 година, од страна на ФЗО дадени се можности за избор на пациентите за овој лек од два производитела (генеричка и оригинаторна фармацевтска компанија), со поголема или помала доплата или избор на лек без доплата, заради што подетални информации за опфатот на надоместокот што се обезбедува за овој лек ќе може да се добие од страна на ФЗО. Министерството за здравство стапи во контакт со компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“ и добиени се информации дека се прават напори со производителот, се со цел да се овозможи достапност и на овој оригинаторен лек без доплата за пациентите во иднина“, соопштија пред десетина дена од МЗ.
Поскапувањето на фостерот предизвика бура од реакции кај пациенти кои го користат – дел од нив прашуваа како пензионерите со 20.000 денари пензија ќе издвојуваат над 1.000 денари за да можат полесно да дишат.
Дополнителен револт кај дел од пациентите создава и тоа што многумина со години успешно ја користат истата терапија и не сакаат да преминат на друг лек, иако тој се нуди како замена.
СДСМ обвини дека Владата ги довела во незавидна положба пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тврдејќи дека лекот „Фостер“ значително поскапел, додека ветената бесплатна генеричка замена сè уште не е достапна во аптеките.
Од партијата наведуваат дека Фондот за здравствено осигурување ја зголемил цената на лекот од околу 300 на 1.080 денари, што, според нив, претставува дополнителен товар за пациентите кои зависат од секојдневната терапија.
СДСМ тврди дека како замена бил најавен бесплатен генерички лек, но дека, според информациите со кои располага партијата, тој сè уште не може да се најде во аптеките. објави Скопје1.мк