Претставување на проектот „Комарците – векторски предизвик по јавното здравје во Северна Македонија и пошироко”


  „Комарците – векторски предизвик по јавното здравје во Северна Македонија и пошироко” е насловен Еразмус проектот, чиј координатор е ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, а треба да биде претставен денеска. На настанот ќе се обратат директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, доктор Бесим Зеќири и медицинскиот ентомолог Николина Соколовска. – […]

Уставниот суд ќе одлучува за ДУП во Центар, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно


  Уставниот суд денеска на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и […]

Ковачевски и Шаќири во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип


  Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска ќе го посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Како што информираат од Владата, двајцата ќе ги разгледаат лабораториите во просториите на Кампус 2 на штипскиот универзитет.

Маричиќ ќе го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7 – „Право за интелектуална сопственост“


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој од вчера е во работна посета на Брисел, денеска ќе го отвори билатералниот состанок за Поглавјето 7 – „Право за интелектуална сопственост“. Попладне, во Европскиот парламент, Маричиќ ќе се сретне со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер, како и со бугарскиот европратеник и известувач за Република Северна Македонија, […]

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од снег


  Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени. Во Скопје […]

Електронски идентитет ќе добие секој во државата


Владата на денешната 121. седница ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување план за воспоставување национален електронски идентитет за секој граѓанин. Планот беше разгледан и прифатен, заедно со тој за реализација. – Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството […]

Јануарските пензии ќе се исплаќаат од 30 јануари


  На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година, која треба да овозможи пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари. -Задолжен е Фондот на пензиското и […]

Ковачевски ќе ја предводи владината делегација на 4 февруари во црквата „Свети Спас“


  Владината делегација која ќе присуствува во црквата „Свети Спас“ во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод денот на неговото раѓање, 4 февруари, ќе биде составена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за […]

Загадениот воздух спои млади Германци и Македонци со заеднички проект


  Проектот „Клин брет“ („CleanBREATHE“), мешано истражување за загадувањето на воздухот со помош на технички и едукативни решенија, има за цел да го направи загадениот воздух видлив и да иницира долгорочни промени во однесувањето на општествените чинители. – Проектот се одвива помеѓу Магдебург – Стендал Универзитетот од Германија и УКИМ-ФИНКИ од Македонија, каде се вклучени […]

Дваесет од 100.000 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, потребна е масовна ХПВ вакцинација и скрининг


На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години, беше истакнато на […]

Уставниот суд утре ќе одлучува за ДУП во Центар со  парцелите на Водно


 Уставниот суд утре на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. […]

Вчера петмина биле каснати од кучиња


Петмина биле каснати од кучиња во повеќе градови низ Македонија во понеделникот.  Во СВР Битола, А.Ш.(34) од Битола пријавила дека на ул.„Македонски Гемиџии“ во Битола била касната од куче скитник. Во 11.15 часот во ОВР Струга, Ш.Р.(52) од струшкото село Октиси пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник. Во 18.15 часот во СВР Тетово, […]

Верфициран мандатот на новата пратеничка Даниела Стојановска – Пановска


 Професорката во средно училиште Даниела Стојановска – Пановска од СДСМ е нова пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, чиј мандат и беше верифициран на денешното продолжение на 99-та пленарна седница. Стојановска – Пановска, која беше следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3, доаѓа на местото на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е именуван […]

Грковска подготви упатство што мора да објавуваат државните институции за јавноста


Владата ја прифати  иницијативата на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, институциите од јавниот сектор да го зголемат обемот на информации од јавен карактер што ги објавуваат на своите веб-страници, со што значајно ќе се унапреди транспарентноста и отчетноста на институциите. Кабинетот на вицепремиерката Грковска подготви упатство за подобрување на транспарентноста на […]

Тренчевска: Со антикризните мерки овозможивме поголем приход на граѓаните за полесно справување со кризата


  Изминатата 2022 година беа креирани неколку антикризни пакети, како поддршка на најранливите категории граѓани во време на економска и енергетска криза и во таа насока беше исплатена финансиска помош од по 3.000 денари за околу 330 илјади пензионери за три месеци, а ваква помош од 3.000 денари добија и околу 36 илјади корисници на […]

Доделени решенија на 34 општини за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште


Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, на 34 општини од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Решенијата им беа врачени на претставниците на општините од страна на министерот Љупчо Николовски, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот […]

Крводарителска акција за роденденот на Тоше утре во Дом на АРМ


 Во холот на Дом на АРМ утре од 9 до 17 часот по 19-ти пат ќе се реализира крводарителска акција на денот на раѓањето на Тоше Проески (1981-2007). – Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ќе ја организираат […]

Жан Митрев бара странските амбасади активно да го следат процесот на ОЈО против него


 Жан Митрев и Клиничката болница „Жан Митрев“ испратиле писмо до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во земјава со кое ги информираат за текот на истрагата на Основното јавно обвинителство во случајот против нив, повикувајќи ги внимателно да ја следата целата истражна постапка. – Ви се обраќам со […]

Роднини на настраданите во Ласкарци побараа Судот што поскоро да донесе пресуда


Супервештачењето што го чекавме повеќе од една година и фактот што денеска не се појавија вештаците, повторно ни создава сомнеж дека овој судски процес не оди во насока да се избегнат секирањата и да се заборави, и со тоа да се даде можност вистината и правдата да излезат на виделина, изјави Синиша Ристовски, брат на […]

Увидот во супервештачењата за „Ласкарци“ ќе се одржи на 26 јануари


 Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи расправата за случајот „Ласкарци“. На денешното рочиште судот донесе решение, по дадена согласност на сите странки, поради економичност и целисходност на постапка, сите досега изведени докази да се прочитаат и постапката да продолжи со увид во супервештачењата, предвиден за наредното рочиште. За наредното рочиште, закажано за 26 јануари, […]